Saturday, January 10, 2009

Занимливости за Македонија : Aнтички календар

Антички македонски календар

Од Википедија, слободна енциклопедија


Античкиот македонски календар бил календар во употреба во Македонија во I милениум п.н.е. Имал 12 синодски месеци (т.т. 354 дена во годината), на кои им требале престапни месеци за да се придржуваат кон годишните времиња. Во времето кога овој календар се користел во хеленскиот свет, вкупно 7 емболими (престапни месеци) биле додавани на секој 19-годишен метонски циклус. Годината започнувала со месец Октомври.

Thursday, January 8, 2009

Езера во Македонија

Vo Republika Makedonija ima okolu 53 prirodni i ve{ta~ki ezera. Najgolemo ezero e Ohridskoto so povr{ina od 348m2 (118.9m2 pripa|a na Albanija), i ima najgolema dlabo~ina od 294m. Vtoro po golemina e Prespanskoto ezero so povr{ina od 275km2 (49.4km2 pripa|a na Albanija i 47.8km2 pripa|a na Grcija) i e so maksimalna dlabo~ina od 54m. Nivoto na vodata vo ova ezero opa|a predizvikuvaj}i problemi za `ivotnata sredina. Tretoto tektonsko ezero vo RM pretstavuva Dojranskoto ezero so 43km2 (pomal del pripa|a na Grcija). Nivoto na vodata na ova ezero brzo opa|a, poradi su{ite vo poslednive godini i prekumernata upotreba na vodata vo zemjodelstvoto. Pokraj ovie tektonski ezera ima i dosta ledni~ki ezera koi se dosta pomali i se obi~no na planinite. Niv gi ima na planinite: [ar Planina, Pelister, Jakupica i Jablanica. Od niv popoznati se: Livadi~koto, Bogovinskoto i Karanikoli~koto na [ar Planina i Golemoto i Maloto Ezero na Pelister.

Pokraj ovie prirodni ezera sozdadeni se i nekolku ve{ta~ki ezera i najpoznati se: Matka na rekata Treska, Mavrovskoto Ezero, Debarskoto Ezero, Tikve{koto Ezero na Crna Reka, Mladost, Kalimanci na rekata Bregalnica, Lipkovo, Grad~e, Mantovo, Suvodol i drugi. Najgolemo e Tikve{koto ezero so povr{ina od 14
km2. Ve{ta~kite akumulacii se neophodni vodni sistemi za obezbeduvawe kvalitetna voda, pokraj toa se koristat i za: obezbeduvawe na elektri~na energija, voda za industrijata, sport i rekreacija, meliorativni zafati, proizvodstvo na riba i dr.

Превземено од
http://www.soros.org.mk/konkurs/077/ezera-main.htm

Планини во Република Македонија

Осоговски Планини

Осогово е планина помеѓу југозападна Бугарија и североисточна Македонија. Планината е долга 110 км и околу 50 км широка. Нјвисокиот врв е Руен на 2251 м надморска височина. Осогово е најсеверна и најголема планина од групата на Осоговско-Беласичките планини.
Градови блиску до неа се Кочани и Крива Паланка. На неа се наогаат разни метални руди. Туризмот е развиен во текот на целата година. На Осогово има доста букова шума и многу е богата со лековити билки. Од животни има доста диви свињи и зајаци. На 2000 метри надморска височина се наоѓа и доста познатата Ајдучка Чешма.

Ниџе

Ниџе се наоѓа во југозападна Македонија, преку него поминува границата со Грција. Планината е познато по скоро не допрената природа, богати шуми со борови, чисти реки и пасишта на над 2000 метри надморска височина. Во геолошкиот состав слична е со Јакупица и Баба. Највисок врв е Кајмакчалан (2521 метар). На него се наоѓа мала црква и гробница на српски вијници кој што загинале за време на Првата Светска Војна. Битола е најблизок град до Ниџе.

Беласица

Беласица е долга околу 60 км и широка помеѓу 7 и 9 км. Се наоѓа североисточно од Дојранското Езеро. Највисоки врвови се Калабак кој се наоѓа на 2029 метри надморска висина и Поле на 1888 метри надморска височина. Климата во овој регион е претежно медитеранска. На Беласица се наогаат познатите Смоларски водопади. Беласица во 2003 постана еврорегион. најблизок град до неа е Струмица.

Јабланица

Јабланица се наоѓа 14 км северозападно од Охридското Езеро на границата со Албанија. Највисок врв е Црн Камен на 2257 м надморска височина. Во северниот дел на долината Лаквица, левата притока на реката Црн Дрим ја одвојува Јабланица од планината Радуч. Во јужниот дел се наоѓа Ќафа-Сан. До Јабланица може да се стигне преку селото Вевчани кое се наоѓа во подножјето на планината.

Плачковица

Плачковица се издига помеѓу струмичко-радовишката котлина на југ и кочанската котлина на север. Таа е поделена на два дела, источни и западни. Западниот дел е понизок, а највисок врв на него е Туртел на 1689 метри надморска височина. На источниот дел се наоѓа највисокиот врв на оваа планина, Лисец на 1754 метри надморска височина. Лисец е популарен помеѓу локалните планинари. Не е необично на Лисец да има снег и во јуни. Под врвот се наоѓаат планинарските домови Вртешка и Џумаја.

Бабуна

Бабуна се наоѓа североисточно од Прилеп, помеѓу северниот дел на Пелагонија и велешката клисура. Највисок врв е Козјак на 1748 метри надморска височина. Бабуна се вбројува во средно високи планини. Таа има длабоки долини па затоа има карактеристични врвови. Бабуна има добри пасишта, па затоа овде е развиено овчарството. Богата е и со рудно богатство (олово). Во нејзиното подножје поминува патот Прилеп-Велес.

Дешат

Дешат се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Албанија. Највисок врв е Веливар на 2375 метри надморска височина. Други врвови кој се издвојуваат се Мали, Сува Бара и др. На неа се наогаат неколку мали глацијални езера. Дешат е прекриен со шуми. Најблизок град до неа е Дебар. Во источното подножје во долината на реката Радика поминува патот Скопје-Дебар.

Стогово

Стогово се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Највисоки врвови се Голем Рид на 2278 метри надморска височина и Бабин Срп на 2242 метри надморска височина. Овде природата е скоро недопрена поради тоа што во близина нема население, а и не се посетува често од планинарите.

Автор:
Бобан Даскалов

Tuesday, January 6, 2009





БОГОВИНСКО ЕЗЕРО, КАРАНИКОЛИЧКО ЕЗЕРО

Езера

Споменик на природата БОГОВИНСКО ЕЗЕРО

Валовско-акумулативно езеро (дого 452 м, широко 225 м, длабоко 2,20 м) кое лежи на н.в. од 1936 м. на северната страна на планинскиот гребен Брустовец на Шар Планина. Со површината од 66,8 ха која ја зафаќа, тоа е најголемо меѓу глацијалните езера на масивот на Шара. Од езерото истекува Боговинска Река.


Споменик на природата КАРАНИКОЛИЧКО ЕЗЕРО

Циркно езеро (долго 290 м, широко 115 м, длабоко 5,60 м) кое лежи на источната страна од гребенот Караникола на Шар Планина, на н.в. од 2180 м. Зафаќа површина од 26,24 ха. Од езерото истекува Караниколска Река.

www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=269&tid=46

Планина БАБА


За искачување на врвот Пелистер кој е во состав на националниот парк „Пелистер“ постојат неколку правци, и тоа: од планинарскиот дом Неолица преку Големо езеро; од с. Нижополе преку Големо езеро и од пл. дом Копанки.

Од пл. дом Неолица (до овој дом се стасува од селата Лавци и Буково преку маркирани патеки) преку врвот Скрково по гребенот до врвот Муза и преку Орлови бари до пл. дом Големо езеро. За овој дел од патеката потребни се 6 часа, од пл. дом Големо езеро до врвот преку Мало езеро уште 2 и пол часа. Патеката е маркирана, а домот Неолица работи само за викенди и празници.

Од с. Нижополе до Големо езеро преку гребенот Дебел рид потребни се 3 и пол часа. Патеката е маркирана. Домот во летните месеци работи секој ден, а во другите месеци само за викенди.

Од пл. дом Копанки за врвот постојат 3 патеки. Едната е преку гребенот - камењарот, а другите две се преку Болница и Широка. Маркацијата ПМ започнува од Копанки односно Бегова чешма - хотел Молика и води по патеката преку Болница. Од Битола до Бегова чешма може да се стаса преку селата Трново и Магарево. Од пл. дим Копанки патеката се спушта надолу по широкиот пат кај Палиснопје и се движи по неа до месноста Цапарски преслап. Од овој преслап патеката повторно влегува во шумата. Кај месноста Под Кулина стена патеката се дели десно, оди преку Широка и лево преку Болница на врвот. Друга насока по која може да се достигне врвот е од с. Брајчино од правец на Преспанското езеро. Направена е нова маркација и со неа се излегува на платото меѓу Големо и Мало езеро, и од таму може да се искачи врвот. Печатот се наоѓа на врвот во зградата на МТВ - репетитор каде има постојано дежурни.


www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=267&tid=1498

Кораб

Кораб

До планината Кораб која е во состав на националниот парк Маврово (315 KB) се стигнува по западната магистрала Гостивар - Дебар.

Некаде околу 8 км од Маврови Анови спрема Дебар во близината на мотелот Трница или поточно кај состав Река - Мавровска река се влева во Радика, се врти десно спрема селото Ничпур и месноста Стрезимир.

Од оваа раскрсница односно состав Река, се оди по макадамски пат (редовно се одржува) околу 15 километри и се стигнува до полициската станица, од неа се продолжува по истиот макадамски пат кој води покрај реката Радика уште 4 км. Потоа се свртува лево спрема караулата Стрезимир која е оддалечена од кривината 1,5 км. Бидејќи овој врв се наоѓа на самата македонско-албанска граница, потребна е погранична дозвола која се вади во местото на живеење. Откога ќе завршат сите формалности, може да се започне со искачувањето на Голем Кораб, потребни се 4-5 часа. Делумно патеката е маркирана. Маркацијата за трансверзалата Планини на Македонија - ПМ започнува од раскрсницата пред караулата (1,5 км) кај реката Радика. Во изминатите две години рутата е делумно изменета (мапа) и во вториот дел од патеката се оди преку гребенот и потоа преку врвот „Кепи бард“, а не преку „Кобилино поле“. Новата патека е потешка (потребно е околу 1 час повеќе за да се искачите на врвот), но погледот од гребенот е незаборавен.
Од почеток патеката стартува од караулата „Победа“, за околу 1 час се стигнува до Нистровото бачило. Потоа се оди по голема стрмнина прекриена со треба се додека не се стигне до гребенот и потоа се искачувате на котата „Кепи бард“ (2589 мнв). Еден дел од гребенот може да биде лизгав, има доста мали каменчиња и треба максимална внимателност за да се мине безбедно. Потоа следува спуштање до седлото каде има и мал извор блиску до патеката. Од тука може да се види врвот. Потоа следува последното искачување на самиот врв „Голем Кораб“. На оваа планина не постои планинарски дом. Доколку одлучите да поминете 2 дена потребно е со себе да носите шатор и вреќе за спиење. Печатот се наоѓа во караулата Стрезимир.

Најдобар и најлесен начин да се искачите на „Голем Кораб“ е да се приклучите на традиционалното меѓународно искачување кое се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8-ми Септември Денот на независноста на РМ.

www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=267&tid=1495

Занимливости за Македонија

Најстарото дрво во Македонија

Најстарото дрво во Македонија е платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај народот попознат и како чинарот


Чинар (Platanus Orientalis) во центарот на Охрид

Според народните преданија и легендите, чинарот во центарот на Охрид расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век).


Зоолошките истражувања во Македонија се започнати главно во II половина на XIX век.

Меѓутоа, еден од првите истражувачи на ентомофауната на Македонија И.Фривалдски собирал од нашите краишта ентомолошки материјалуште во 1835 и 1836 год. Во овој почетен период и колекционери и истражувачи биле странците, а истражувањата биле само фаунистички.

Во нешто зголемен обем овие истражувања продолжуваат и во почетокот на XX век , кога иако скромно, се јавуваат и некои балкански истражувачи, како на пр. Ж.Ѓорѓевиќ.

Од периодот меѓу двете светски војни се истакнуваат С.Караман и С.Станковиќ по чија иницијатива се основаат и Природнонаучниот музеј во Скопје (1926 год.) и Хидробиолошкиот завод во Охрид (1935 год.). Посебно важни трудови од овие двајца научници се “Pisces Macedoniae” од С.Караман (1924 год.) и “ Die Fauna des Ohridses und ihre Herkunft” од С.Станковиќ (1931 год.).

Во Македонија нешто пред тоа престојува и германскиот истражувач Ф.Дофлајн, кој за време на I светска војна собрал најразличен фаунистички материјал и ја објавил книгата “ Mazedonien”(1921 год.).

Во обработката на систематиката и зоогеографијата на одделни животински групи во тој период се откриени голем број ендемити и реликти, особено во истражувањата на подземната фауна и фауната на Охридското Езеро. Следуваат истражувањата на полето на екологијата, специјацијата за фосилната неогенска фауна на цицачите, откриени во околината на Велес (Шлосер, 1921 год,; Ласкарев, 1921 и 1923 год.)


Охридско езеро





Парада (ang. i franc. “parade“, ital. “parata”, germ.”Parade”) во пошироко значење е свечена смотра или поворка.

Воената парада е свечена смотра на одредени единици на копнената војска, воената морнарица и военото воздухопловство заедно или поедонечно. Дефилето пак денес е главен дел на парадата, но некогаш бил и единствен, заради што и овие два поими често се поистоветуваат. Главната цел на воените паради е да се прикаже силата, обученоста, опременоста и дисциплината на единиците. Во копнените војски првите паради всушност биле смотри и тоа во војските на стариот век. Највеќе забележени податоци за ова има од Римјаните чии победници - војсководци милувале да приредуваат триумфи.

Но всушност Римјаните ова славење и паради на своите војски го преземаат од Македонците.Железната дисциплина на македонските фаланги, врвната обученост и непобедливоста барале интензивни обуки и постојани смотри, проверки и постројувања воведени од Филип II. Со победите особено над надмоќните дотогаш непријатели, Македонците имале потреба од искажување на своето одушевување, сила и величие. За разлика од грчките градски (полиси) мали и бројно ограничени војски, македонските фаланги биле за она време неброени трупи со воведената општа мобилизација во кои сега се развиени и нови родови (лесна и тешка коњица, лесна и тешка пешадија, инжинерија, логистика, балистиката со фрлачките нови справи и др.).Победниците Македонци покрај другото на овие дефилеа воделе бројни заробенички војници и пленот особено со Александровите победи и освојувања.Единиците при врвењето биле со знамиња и симболи на своите единици, се извикувале поздрави а народот одушевено ги поздравувал своите непобедливи војски.

Покрај другите поголеми градови на Македонија во Александрија за ваквите потреби и намени Македонците градат посебни пристапи и улици. Така до самиот град имало улица со широчина од 4 м. која веќе при влезот се проширувала на 6 м. , но оваа била пристапна улица. Главната улица за паради во Александрија била долга 6 км. а широка 33 м. Тука татнеле македонските фаланги и нивните војсководци – победници долго и по Александар завршувајќи со последната кралица Македонка од династијата на Птоломеите, Клеопатра VII. Се што подоцна се јавува е само имитација и доизведба на македонските паради.

Во средниот век терминот парада првпат се употребува во Шпанија во мањешката терминологија а во Франција дури за време на Луи XIV кога добива нова содржина и означува церемонија која од 1665 год. ја изведувала гардата.


Современите воени паради потекнуваат длабоко од антиката



Златото на Персија кај Александар

По решавачката битка со Дариј III Кодоман, која Александар ја добива во своја корист, паднале и многубројните богатства од бојното поле.

Александар лично ја запленил златната кола на Дариј а во раце му паднала и големата благајна на Персискиот владетел, главно во злато. Но за време на борбите Александар дознава дека Дариј наредил да се засолнат воените златни резерви во армејската скривница во Дамаск. Побрзал испраќајќи го неговиот Генерал Парменион со еден јуришен одред но коога овој се приближилкон Дамаск, Управителот наредил златото од скривницата да се натовари на добиток. Но не ни втасале да се подготвата подобро за пренесување на златото на посигурно, веќе Македонците со Парменион во воен строј наближиле непосредно, што предизвиклао паника кај Персијанците.


Персеполис богатиот и моќен центар на Персиската империја ограбен од македонските трупи предводени од Александар III Македонски

Воениот командант на Дамаск, стражарите, робовите и носачите побегнале. Настапила чудна ситуација скапоценото богатство останало на коњите. Уплашените коњи се растрчале но уште недосредени и доподврзани добро го расфрлаат товарот по патот. Милиони златни монети почнале да се истуркаат како зрна од издупчени торби. И дури да трепнеш целата полјана ја прекриле златни и пурпурни бои, тоа било глетка над глетките. Се собирало долго време потоа од полјаната, кога го собрале тоа изнесувало 700 000 таланти. Биле потребни 700 мазги и поголем број коли за пренесување на златото.


www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=33&ppid=277&seoctl00_SodrzinaMk_PodkategoriiTekstovi1_dlStranici=page5

<






Водопади

Водопадот на Кораб

Под врвот Кораб (2863 метри) се наоѓа мало зарамнување, кое се вика Кобилино поле. Од него извира Длабока река под Мал Кораб, која прави најголем водопад во Македонија.

Водопадот е на длабочина од 100 метри односно според слободна процена, падот на водата е околу 136 метри. Најблиско село до него е Жужње, потоа Нистрово и така се до Маврови Анови.



Смоларски водопад

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска Река, десна притока на реката Струмица, на н. в. од 600 м.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.



Колешински водопад

Се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на н.в. од 500 м.

Висок е 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни стени. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри.


www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=266

Стоби

Стоби е на 160 км. од Солун, на магистралниот пат Виа Егнатиа што водел од Дунав кон Егејот, што како местоположба му овозможила да биде значаен воен, стратегиски, економски, културен центар во тоа време.

Благодарение на бројните историски и книжевни документи, како и евидентираниот археолошки материјал од систематските истражувања на тој простор, комплетирана е урбанистичката слика на античкото Стоби. Неговата архитектонска структура и организација на животот говори за една развиена урбана средина со висок степен на културен развој. Некои извори укажуваат на негови почетоци уште многу порано во VII и VI век пне, а тоа го поткрепуваат и откриените бронзени предмети кои датираат од архајскиот период, како и одделни керамички наоди од неолитското и железното време.

Во раниот и средниот римски период, градот бележи подем и благосостојба. Тоа, се должи на фактот што овој град добил статус на муниципиум со своја сопствена ковачница каде почнале да се коваат монети со натпис Муниципиум Стобенсиум. Овде се исковани парите кои го носат името денари. Од друга страна, откопани се голем број споменици со натписи и градби кои се единствени и неповторливи во својата убавина, меѓу кои големите светилишта и фамозниот Театар.

Не помалку значаен бил градот и подоцна, во зацврстувањето на христијанството. Како епископско седиште, подоцна и епархија, Стоби бил доста влијателен. Од тогаш се многуте цркви и базилики со богато внатрешно уредување и раскошни приватни палати и луксузни објекти.

Во Стоби во III век има еврејска заедница за што сведочи Синагогата којашто кон крајот на IV век е урната и врз нејзините остатоци подигната старохристијанска базилика.

Во доцниот V век и почетокот на VI век градот е опустошен во големите Аваро-Хунски инвазии и настрадал во катастрофалниот земјотрес во 518 год. Пронајдените монети од Јустин II од втората половина на VI век, како и некрополата со 23 гробови од IX до XII век го потврдуваат животот во Стоби и по земјотресот. Градот е обновен, но никогаш не достигнал степен на развој како порано.
На тлото на некогашниот град се откопани и истражени голем број објекти. Северната трикорабна базилика датира од V век. Нејзиниот централен кораб е одделен од страничните два со колонади. Во црквата, што лежи врз постар сакрален објект, бил изграден баптистериум.

Во истражувањето на цивилната базилика, откриени се седум градежни фази. Под нивото откриени се бронзени предмети од V век, а под наосот се пронајдени фрагменти од фреско-живопис со мотив на барска птица од I век пне.

Малата бања (терма) се наоѓала на просторот помеѓу цивилната и северната базилика. Во изградбата на големата бања се забележани повеќе градежни фази. Во нејзината внатрешност е пронајдена статуа од царскиот период.
Централната базилика спаѓа во типот на трокорабни базилики и подигната е врз една синагога кон крајот на IV-V век. Синагогата, пак, е изградена врз една постара синагога од III век, позната како Полихармосова Синагога. Под нивото на оваа синагога се пронајдени два сада со пари од I век.
Куќата на псалмите се наоѓа на јужниот дел пред Централната базилика. Таа се состои од централна просторија, сала со колонади, патосани со луксузно изведени мозаици со геометриски шари. Во главната сала постои осумаголна фонтана. Овој објект лежи врз постари антички градби.
Плоштадот во Стоби го формираат улиците Виа Аџиа и Виа Принципалис , во чие средиште се наоѓа градската чешма.

Перистериевата палата претставува градежен комплекс за повеќе семејства и простории за дуќани и магацини. Во средишниот дел се наоѓа дворот со фонтани. Главните простории, јужно од дворот, се сали патосани во мозаик техника. Палатата датира од IV и V век.

Спроти Перистериевата палата, сместена е Теодосијанската палата, која е една од најимпозантните и луксузно уредени градби во Стоби. Има план на латинската буква Л. Централната сала, опкружена со колони, има базен со осум пиедестала од мермер украсени со спиритуални канелури, на кои стоеле откриените статуи. Во пределот на дворот постоеле цветни тераси со раскошно декорирани патоси. Таа датира од IV-V век.

Со идентичен градежен план, но значително помала и со поскромно внатрешно уредување е куќата на Партениј.

Валавницата претставувала комплекс на меѓусебно поврзани градби коишто претставувале резиденции и дуќани изградени врз постари објекти. Името го добила по работилницата за бојосување и валање на ткаенини, што била дел од овој комплекс кој датира од I, па се до V-VI век.
Епископската резиденција, се наоѓа северно од Епископската базилика, во IV век служела како христијански ораториум, за да еден век подоцна прерасне во епископско седиште. Овде се пронајдени бронзена кадилница и златен прстен.

Епископската базилика, или како што поинаку се нарекува Црквата на епископот Филип, претставува трикорабна базилика, со нартекс, егзонартекс и атриум. Нејзиното внатрешно уредување е мошне раскошно, со употреба на бела мермерна пластика и мозаични патоси. На ѕидовите имало фреско-живопис. Постоел и баптистериум, кој истотака бил раскошен, а на неговите ѕидови откриен е трислоен живопис на кој се претставени светители и други лица. Овој баптистериум првобитно и припаѓал на старата епископска базилика, изградена во IV век, што се наоѓа под темелите на новата, изградена еден век подоцна. Старата трикорабна базилика со епископски карактер е првата катедрална црква во Стоби. Од пронајдената архитектонска пластика се издвојуваат неколкуте парапетни плочи од олтарната преграда.

Главната влезна двојна порта, од западната страна на градот е позната под името Порта Херацлеа.
Театарот во Стоби е изграден во II или раниот III век и е еден од најрепрезентативните објекти настанати за време на римското владеење. Театарот го сочинувале гледалиштето, орхестрата и скената без бина. Гледалиштето е од два дела, а изградено од квалитетен бел мермер носен од Плетвар. Седиштата се според племенската припадност на спектаторите, па така, сé уште на некои од седиштата се врежани имињата на пет племиња. Театарот во III век бил претворен во арена за борби со гладијатори, но подоцна, со указот за забрана од страна на царот Константин Велики, ваквите сурови претстави завршуваат. Во IV-V век, овој објект ја доживеал својата трагична судбина, останувајќи неупотреблив за примарната цел што ја имал, станал извор на убав градежен материјал.

Еден сакрален објект со, навидум, неадекватно име. Станува збор за ранохристијанска трикорабна базилика со фонтана во средишниот дел. Поради тоа што се откриени две мермерни полочи од часна трпеза и бронзени монети од V-VI век, оваа градба го носи името Коцкарница.
Гробишната трикорабна базилика е подигната над гробови од една доцноантичка некропола. На нејзината јужна страна е откриена гробница на некој светител - мартириум.

www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=34&ppid=27&tid=553

Шар Планина

Шар Планина

Титов врв (2747 мнв)

На Титов врв кој се наоѓа на масивот Шар Планина се стигнува преку Тетово од Попова Шапка по асфалтен пат, со возило или организирано, со комби-превоз од Тетово. Редовна автобуска лија не постои, а жичарата работи само во зима. Попова Шапка е оддалечена од Тетово 20 км. Доколку одлучите да ноќевате, тогаш можете да го сторите тоа во пл. дом „Смрека“, во манастирот или некој од хотелите. Патеката е маркирана. Од Попова Шапка или Јелак има неколку можни правци за искачување на врвот, во зависност од расположивото време и желбите. Најкратка и најтешка е патеката преку која директно се искачува на Церипашина. Од тука по гребенот преку Карабунар, врвот Бакардан до Титов врв, патеката е маркирана. Маркацијата за трансверзалата Планини на Македонија - ПМ започнува од Попова Шапка и остатоците од уништениот пл. дом Јелак. Двете патеки се спојуваат пред Орлови стени. Патеката од Попова Шапка се движи по широки ливади, а пред Орлови стени излегува на широк пат. Патеката од планинарскиот дом Јелак води по широкиот пат па се до Орлови стени. Од Орлови стени - Вакуфски бачила, патеката свртува десно покрај Палчишка река, према подножјето на Бакардан и се движи по широки ливади. По левата страна на Бакардан патеката се искачува до седлото помеѓу Титов врв и Бакардан, а потоа продолжува по гребенот до врвот. До Титов врв од Попова Шапка или од пл. дом Смрека, потребни се 4,5 часа пешачење. Патеката е маркирана. Печатот се наоѓа во планинарскиот дом Смрека.

Титов врв може да се искачи и по самиот срт, прво покрај жичарата према врвот Церипашина (има разни антени на самиот врв), потоа по самиот срт преку Бакардан се спушта патеката до преслапот под Титов врв и тука се спојува со другата патека.

Љуботен (2468 мнв)

На врвот Љуботен кој се наоѓа на масивот Шар Планина, се стигнува со автобус од Тетово до с. Вратница, евентуално може да се стигне и до Старо село по асфалтен пат. Маркацијата трансверзалата Планини на Македонија ПМ започнува од мостот на Вратничка река. После мостот патеката врти лево, поминува покрај 2 куќи и постепено навлегува во шумата. После половина час пешачење патеката се искачува на широк пат, а после 15 минути одење, на една остра кривина се напушта широкиот пат и патеката навлегува пак во шума, за после половина час повторно да излезе на широкиот пат. Од тука па се до планинарскиот дом „Љуботен“ патеката се движи по широкиот пат, со една мала кратенка пред домот. За овој дел од патеката ви се потребни 3 часа. Оние кои имаат моторно возило можат да дојдат до домот по макадамски пат од Старо село.

Од домот до врвот планинaта е гола и има трасирана патека која е добро маркирана. Патеката води по падината над пл. дом право нагоре до почетокот на сртот кој завршува на врвот. Од домот до врвот ви се потребни 2 часа, а патеката која оди преку гребенот има стара маркација (поголемиот дел од гребенот е гранична линија). Гребенот е доста тесен и потребно е внимание посебно во зимските месеци.

Врвот може да се искачи и од западна страна. По напуштањето на домот после 20-тина минути не се продолжува право према сртот туку се врти лево по патека која води по изохипса под Козја стена. Кога ќе се стигне на преслапот (тука сте веќе на граничната линија) се врти десно и по гребенот се стигнува на врвот. Печатот се наоѓа во пл. дом „Љуботен“. Домот обично работи на претходна најава дури и во летните месеци.

/www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=267&tid=1510

Пештери во Македонија

Пештерите во Македонија

Споменик на природата ПЕШТЕРА ГОЛУБАРНИК

Пештерата се наоѓа кај селото Горна Белица, во изворишниот дел на реката Белешница. Долга е 50 м.

Споменик на природата ПЕШТЕРА МЛЕЧНИК

Се наоѓа североисточно од селото Ташмаруниште на западните падини на гребенот Млечник, на надморска висина од 980 м. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Во пештерата живее специфичен вид фауна.

Споменик на природата ПЕШТЕРА ПЕШНА

Пештерата се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот Басен, недалеку од Македонски Брод. Иако има мошне мала должина, од само 50 метри, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м. Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.

Споменик на природата СЛАТИНСКА ПЕШТЕРА

Слатинската пештера се наоѓа во селото Слатино, Македонски Брод, на левата долинска страна од Слатинска Река, 65 метри над дното од реката, на надморска висина од 600 метри. Пештерата се состои од еден долг пештерски канал од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци. Должината на пештерата изнесува околу 400 метри. Пештерата е богата со украси.

www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=268&tid=41

Споменик на природата ОСТРОВО

Споменик на природата ОСТРОВО

Како посебен тип на крајбрежно-изворски езера се издвојува езерото “Острово” кое се наоѓа покрај брегот на Охридското Езеро во близина на манастирот Свети Наум, на местото каде што избиваат водите на најголемиот карстен извор во Република Македонија. Должината на заезерениот дел се движи околу 220 м., а најголемата измерена длабочина е 3,5 м. Меѓу езерото “Острово” и Охридското Езеро постои кус површински водотек со должина од околу 10 метри. Во однос на Охридското Езеро, езерото “Острово” се однесува слично како “криптодепресија”, бидејќи неговото дно лежи повисоко во просек за 2,94 м. од нивото на Охридското Езеро, додека површинскиот дел е над нивото на водата во Охридското Езеро за 0,56 м. Големината на извориштето “Острово” изнесува 0,342 км2 а протокот во Охридското Езеро е околу 11 м3/сек.

my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224954

Споменик на природата ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Споменик на природата ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 695 м, со површина од 358,2км2, од која на Република Македонија и припаѓаат 229,9 км2. Охридската Котлина, на чие дно лежи Охридското Езеро, настаната е по тектонски патпред околу 2 до 3 милиони години, во периодот на терциер. Со своите 289 метри длабочина, Охридкото Езеро е познато како најдлабоко езеро на Балканскиот Полуостров. Во Охридското Езеро, заради географската изолираност и поволните хидрографски услови, зачувани се и во него живеат повеќе од 200 видови ендемични организми, односно 70% од растенијата и животните во Охридското Езеро се со ендемски карактер. Еден дел од нив претставуваат живи фосили, речиси неизменети од времето на терциер наваму, како што се ендемскиот сунгер, реликтните видови полжави (над 27), од кои 86% се ендемични, неколкуте реликтни видови глисти, охридската пастрмка, белвицата и др. видови риби со ендемски карактер, како и поголем број реликтни видови алги, меѓу кои, најбројни се дијатомеите. Многу птици, од кои некои се CORINE видови го користат Охридското Езеро како место за исхрана и засолнување во текот на зимскиот период. Заради ваквото богатство со природни вредности, Охридското Езеро во 1979 година е внесено во Списокот на светското наследство како природно добро, а во 1980 година поради значајните културно-историски вредности во поширокиот простор, тоа е номинарано и како Охридско природно и културно-историско подрачје.

my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224944

Monday, January 5, 2009

Градови во Р.Македонија

Штип

Vo isto~niot del na Makedonija, na bregovite na dvete reki Bregalnica i Otiwa, na nadmorska viso~ina pome|u 290-370 kilometri, le`i gradot [tip - gradot na Isarot, na crkvi, istorija, revolucionerni u~iteli, termomineralna voda, pesni ispeani, {tipska pastrmajlija i qubezno dobredojde.

Скопје

Skopje e glavniot grad na Republika Makedonija, sedi{te na site nejzini institucii i dom na nad 800 000 skopjani.

Ovoj grad e ~esto sporeduvan so pticata-feniks: niz svojata istorija nebroeno pati bil razurnuvan od silite na prirodata i od ~ovekot. Sepak, sekoja od istoriskite epohi ostavila svoi tragi vo Skopje i okolinata, taka {to toj denes e interesen spoj na evropska i orientalna kultura, so izobilstvo od anti~ki i neolitski tragi vo okolinata.

Nekade vo Skopje se krie mitskiot grad Justinijana Prima, a toj sigurno krie u{te bezbrojni svedo{tva za vremeto.

Nasproti ova, gradot denes go `ivee `ivotot na moderna metropola, a brojnite kulturni institucii i slu~uvawa sekojdnevno go davaat svojot pridones kon ovoj `iv ritam.


Велес


Vo svojata mestopolo`ba, amfiteatralnost i starata gradska arhitektura, Veles e eden od najatraktivnite gradovi vo na{ata zemja. Smesten na dvata brega na rekata Vardar, vgnezden na ridovite, na nadmorska viso~ina pome|u 150 - 300 metri, toj pretstavuva del od magistralniot pat E - 75, a ovde vrvi i me|unarodnata `elezni~ka linija.


Охрид

Rasposlan kraj bregovite na prekrasnoto ezero, vo podno`jeto na Nacionalniot park Gali~ica, Ohrid e grad vo koj na sekoj ~ekor nao|ate svedo{tva od bogatata makedonska istorija. Sekoe leto, toj e dom na festivalot so svetsko renome "Ohridsko leto" i na mnogu drugi zna~ajni kulturni manifestacii.

Ohrid treba da go do`iveete, da gi vidite negovite boi, da gi po~uvstvuvate negoviot miris i vkus. Da se nurnete vo Ohridskoto ezero, a i da gi spoznaete dlabo~inite na duhot na Makedonecot koj so vekovi tvorel i go zadr`uval svojot identitet i pokraj site istoriski premre`ija. Za nea zboruvaat mnogubrojnite tvore~ki ateqea vo gradot, kako i qubovta so koja ohri|anite gi odr`uvaat svoite ku}i so monumentalna arhitektura.


Тетово


Pod veli~enstvenata [ar Planina, ~ii visoki i beli vrvovi ~ini{ go dopiraat neboto, Tetovo go `ivee svojot `ivot na mali du}ani, kalfi, ~ar{iski sredbi i muabeti.

Istovremeno, toj denes pretstavuva eden mal otvoren muzej vo koj sekoj posetitel mo`e da vidi kako raznite kulturi, prepletuvaj}i se me|usebno, ostavile tragi i neiscrpno duhovno bogatstvo, sozdavaj}i dela {to voshituvaat so svojata ubavina.

Starite tetov~ani pak, so gordost zboruvaat za nastanuvaweto i istorijata na svojot grad i miluvaat da ja prenesuvaat ~uenata prikazna za bestra{niot junak Teto koj ja ubil stra{nata i luta zmija i na toj na~in dozvolil lu|eto bezbedno da vrvat po patot {to vodel kon mestoto kade denes se nao|a gradot. Otkako ja ubil zmijata, toj prv se naselil tamu, pa ottamu, po imeto na ovoj junak, gradot go dobil imeto Tetovo.


Крушево


Visoko vo planinite, opkru`en so korijata, gradot Kru{evo gi ~uva svedo{tvata za makedonskoto revolucionerno i kulturno minato.

Ovoj `iv muzej, ~ija arhitektura go voshitila i Le Koribizie, sonuva za vremiwa vo koi golem broj lu|e }e se napojuvaat so prekrasniot ~ist vozduh, }e u`ivaat vo skijaweto ili letovite so paraglajderi, }e se v~udoneviduvaat od bogatstvoto na kru{evskite priemni sobi ...

Vo 1903 vo Kru{evo e krenato Ilindenskoto vostanie protiv osmanliskata vlast, kade e objaven Kru{evskiot manifest, i kade kratkotrajnata Kru{evska republika go iska`uva{e vekovniot makedonski streme` za sloboda i samostojnost.

Kru{evo e eden poseben svet, vo koj minatoto na ~udesen na~in `ivee paralelno so sega{nosta.


Гевгелија


Vo Gevgelisko-valandovskata kotlina, na samo tri kilometri od makedonsko-gr~kiot grani~en premin Bogorodica-Evzoni, e smesten eden od najju`nite gradovi vo zemjava, gradot Gevgelija.

Toj svoeto ime go dobil od turskiot zbor "gel-gerik", {to vo prevod na makedonski zna~i "dojdi pak". Narodnoto predanie raska`uva deka pri~inata za ova ime le`i vo eden nastan {to se slu~il vo minatoto. Vo damne{ni vremiwa, nekoj dervi{ stasal vo gradot i bidej}i mnogu mu se dopadnal, posakal da ostane na podolgo vreme. No, `itelite reagirale na negovata odluka i odlu~ile da go proteraat. Razmisluvaj}i i predviduvaj}i gi posledicite od takviot ~in, tie re{ile da postapat mudro, pa zaminuvaweto na dervi{ot go pozdravile, izvikuvaj}i gi gostoprimlivite zborovi "gel gerik", odnosno "dojdi pak". Po ovoj nastan gradot go dobil imeto Gevgelija.


Дојран


Pokraj zapadniot breg na Dojranskoto Ezero, edno od trite prirodni ezera na teritorijata na Republika Makedonija, se nao|aat dvete ribarski naselbi Star i Nov Dojran, koi denes sé pove}e se pribli`uvaat i se prelevaat vo edna urbanisti~ka celina.

Dojranskiot kraj, vo ~ie sredi{te se nao|a ezeroto, ostatok od nekoga{noto Peonsko Ezero, e eden od najubavite prirodni krai{ta vo Makedonija. Privle~en, vozbuden i inspiriran od nego, narodot splel prikazni vo koi, so ubav zbor i na svoj naroden na~in, se obidel da í se dobli`i i da í iska`e blagodarnost na ovaa prekrasna prirodna kreacija.

Legendata za nastanuvaweto na ezeroto ka`uva deka na prostorot kade toa denes se nao|a, vo starite vremiwa, postoel bunar od koj lu|eto od okolnite naselbi polnele voda. Otkako }e napolnele voda, tie go zatvorale bunarot so devet katanci. Eden den po voda zaminala najubavata mlada devojka od toj kraj, devojkata po ime Dojrana. Pokraj bunarot ja ~ekalo mom~eto koe taa go qubela. Napolnila voda, no zanesena od miluvaweto na mom~eto, zaboravila da go zatvori devetiot katanec. Od bunarot po~nala da te~e voda koja ja preplavila celata kotlina. Taka nastanalo ezeroto {to go dobilo svoeto ime po devojkata Dojrana.


Битола


Bitola, po Skopje, e najgolem grad vo Republika Makedonija, i denes vo nea `iveat 77 500 `iteli. Ovoj prekrasen grad, spored arhitektonskite re{enija na negovite mnogubrojni gradbi, pretstavuva vistinska atrakcija i se vbrojuva vo eden od najprivle~nite gradovi re~isi vo celiot Balkanski Poluostroв.
Bitola se nao|a vo jugozapadniot del na Republika Makedonija, ili, podobro ka`ano - vo centralniot del na nejzinata najgolema kotlina, nare~ena Pelagonija. Gradot e raspolo`en na severoisto~nite padini, vo samoto podno`je na planinata Baba, na obata brega od rekata Dragor i na nadmorska viso~ina pome|u 570 - 700 metri.


Дел~ево


Gradot Del~evo se nao|a vo isto~niot del na Republika Makedonija, vo oblasta Pijanec, na samo 10 kilometri od makedonsko-bugarskiot grani~en premin Arnautski Grob.

Na prostorot na dene{niot grad, postoela stara naselba ~ie ime ostanuva nepoznato. Naselbata {to se nao|ala 3 kilometri jugoisto~no od dene{niot grad, bila poznata po imeto Vasilevo (Vasilihorion), ime dobieno po vizantiskiot imperator Vasilij.

Vo 1950 godina, gradot go dobil dene{noto ime vo ~est na golemiot makedonski revolucioner Goce Del~ev.

Vo gradot, na praznikot Ilinden (2 avgust), sekoja godina, redovno se odr`uva manifestacijata Gocevi denovi.


Prevzemeno od

http://www.culture.org.mk/gradovi%20frames.htm


Република Македонија

Република Македонија е мала земја расположена во централниот дел на Балканскиот Полуостров со површина од 25.713 км2 и со популација нешто поголема од два милиона жители. Има добра географска положба бидејќи лежи во Вардарско-моравската долина - најкратка надолжна сообраќајница којашто ја поврзува Средна Европа со Средоземното Море а преку него со Блискиот Исток. Природните услови во Република Македонија (геолошкиот состав, релјефот, климата, хидрографијата, почвите, флората, фауната) овозможиле таа да се вброи како една од ретките земји во Европа со богатство на природни вредности. Во изминатите пет децении организирана заштита на природните реткости, во Република Македонија во мрежата на заштитени области се вклучени 74 објекти на природата, со вкупна површина од 187,895 хектари или 7,30% од националната територија. Во Република Македонија статус на заштитени добра имаат:
3 национални паркови, со површина од 108,338 ха или 4,2%; ·
4 строги природни резервати, со површина од 12.855 ха или 0,50%;
3 предели со посебни природни карактеристики, со површина од 2.338 ха или 0,09%;
14 одделни растителни и животински видови надвор од природните резервати, со површина од 2709 ха или 0,10%;
33 делови на природата заштитени во категоријата на споменици на природата, со површина од 61.655 ха или 2,4%.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211789

МАРКОВИ КУЛИ

Локалитетот се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот (кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години. Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади во северниот дел се сврзани со највисоките врвови: Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м). Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини. Природните структури на карпите, потекнуваат од времето на консолидација на магмата која ладејќи се, лачела свероидни и паралелопипедни блокови.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1227095

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО

Се наоѓа на крајниот југозападен дел од Република Македонија, на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Албанија. Лежи во тектонската котлина помеѓу планините Баба на исток, Галичица и Петринска Планина на запад и северозапад и Сува Гора на југ. Зазема површина од околу 274 км2, од кои на Република Македонија и припаѓаат 176,8 км2. Се наоѓа на надморска височина од 853 м. Преспанското Езеро како и Охридското Езеро настанато е за времето на плиоцен со спуштање по должината на раседи во земјината кора. Најголемата длабочина на Преспанското Езеро изнесува 54 м. Во Преспанското Езеро регистрирани се 24 ендемични таксони. Од животинскиот свет значајна е фауната на рибите којашто се одликува со висок степен на ендемизам. Од вкупно 13 видови риби 6 се ендемични. На подрачјето на Преспанското Езеро се среќаваат многу видови птици од CORINE листата. Преспанското Езеро од 1995 година се наоѓа на Светската рамсарска листа на значајни водни живеалишта.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224947

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Споменик на природата ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Дојранското Езеро е најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (27,3 км2) n припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км2) на Грција. Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 метри. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224936

Национален парк ПЕЛИСТЕР

Национален парк ПЕЛИСТЕР

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 м). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав. Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како “Горски Очи”. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петоигличест бор со терциерна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри. НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влечуги, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемична поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211796

Национален парк ГАЛИЧИЦА

Национален парк ГАЛИЧИЦА

Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и глацијални релјефни форми). Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото флористичко богатство. Тука допираат ареалите на голем број видови растенија, претставници на различни флорни елементи, од коишто некои овде ја достигнуваат северната, односно јужната граница на своето распространување, или пак источната или западната граница. Наоѓалиштата за некои од растителните видови на Галичица се единствени за територијата на Република Македонија. На територијата на паркот се застапени 37 растителни заедници, од кои 20 се шумски. Националниот парк Галичица претставува класично наоѓалиште за 20 видови виши растенија (Cormophytae) од коишто 12 видови се познати само за планината Галичица и за крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро и претставуваат локални ендеми. Од фаунистички аспект, на подрачјето на националниот парк Галичица регистрирани се 26 ендемични видови. Посебно е интересна бројноста на пеперудите - 1644 видови, што претставува огромна концентарција за толку мал простор. Според бројната застапеност на 30 видови водоземци и влечуги, Националниот парк Галичица е приближно на исто ниво каква што е застапеноста на херпетофауната на целата територија кај некои од средноевропските земји (Германија, Швајцарија, Австрија и др.). Класата птици на Галичица е застапена со 266 видови, што претставува 84% од вкупната Македонска орнитофауна, додека пак бројноста на цицачите - 51 вид, претставува 62% од вкупната фауна на цицачи во Македонија.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211791

Нaционален парк МАВРОВО

Нaционален парк МАВРОВО

НП Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е во 1948 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, глацијални езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Како резултат на големата издиференцираност на релјефот, националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемични, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, суриот (златен) орел, шумскиот буф, големиот буф, ливадската еја, степската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се: мечката, рисот, дивокозата и дивата мачка.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211795

Sunday, January 4, 2009

Манастирот Св. Богородица - Вељуса

Манастирот Св. Богородица - Вељуса е изграден во средниот век, во византискиот период, на оддалеченост од 7 км западно од Струмица во с. Вељуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември стар и 4 декември нов стил). Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија, туку пошироко на Балканот.

Според сочуваните записи на двата архитрава кои биле однесени од бугарските власти за време на Првата Светска војна во Софискиот археолошки музеј, црквата ја подигнал на северните падини на планината Еленица на бигореста карпа монахот, а подоцна струмички епископ Мануил во 1080 год. кој дошол од Халкедонскиот манастир Св. Авксентиј од малоазијската област Витинија во Вељуса. Од споменатите извори дознаваме дека манастирот Св. Богородица Милостива (Елеуса) е изградена над некогашното село Палеокастро во Темата Струмица по кој и селото го добило денешното име.

Манастирот се споменува и во Грамотите на византискиот император Алексиј I Комнен 1085 год., во една од годините на 1091 или 1094 година оваа манастирка црква била лично посетена од византискиот император Алексеј I Комнен, кој за нејзините убавини изразил силен восхит во пишаните извори. Се споменува во Типикот за манастирот составен од основачот Мануил меѓу 1085-1100 год., неколку документи од византискиот император Мануил I Комнен со Практикот од 1152 год. и две Грамоти од Српскиот цар Стефан Душан од 1346 година дадени на Иверонскиот манастир. Со своето архитектонско обликување изворно сочувано до денес, таа ги презентира високите дострели на византиската сакрална архитектура и уметност на македонската територија во средниот век. По своето архитектонско решение црквата е единствена градба во Македонија од XI век. Однатре е крстообразна куполна градба од стеснат тип цркви. Сите три основни делови на црквата: наосот со олтарот, нартексот и јужната капела Св. Спас се надвишени со различни по димензија и височина куполи со полигонални тамбури украсени со керамопластична декорација и полихромно оживување на фасадите. Со фреско украсна изведба е на јужната фасада на црквата, во нејзиниот горен централен дел е сместена мала богато профилирана розета со запчест венец, а подолу меѓу бифората е раскошна двочленска плетеница со претстава на орнаментиран украс во форма на крст. Уметничките сликарски изрази се реализирани во фреско - техника, мозаик и вајарските во плиток релјеф на мермерните делови на иконостасот.

Живописувањето на црквата е изведено во три временски периоди и тоа: во олтарот, подкуполниот простор во наосот и ѕидовите, конхите, и капелата, 1085 год. во тремот од 1164 год. и во наосот од 19 век, со доста локални сликарски призвуци.

Фреско - ансамблот во црквата е со иконографски симболични содржини и претстави преземени од Стариот и Новиот завет: Литургиска служба на светите Архиереи со Хетимазијата (Христово жртвување) и Богородица со Исус Христос седната на трон во олтарниот простор. Во централниот куполен простор е насликан Исус Христос Вседржител, додека под него на ѕидовите од тамбурот се претставите: Пресвета Богородица Ширшаја, Св. Јован Крстител, двајца архангели, четворица пророци (езекиј, Авакум, Еремија и Давид). Во северната конха е Слегнувањето на Исус Христос во пеколот и Сретение Господне е во јужната конха. Во јужната капела Св. Спас во куполниот простор претставен е Исус Христос Емануил, на источниот ѕид Исус Христос во слава и портретот на Св. Пантелејмон на западниот ѕид.

На јужната фасада под тремот е композицијата Св. Онуфриј во пустина посетен од монахот Св. Панфнутиј и стилизиран вегитабилен мотив. Во стилско - ликовен поглед оваа сцена и мотивот се блиски на фреските во Нерези насликани во 1164 година.

Во наосот на црквата зачувана е и олтарната преграда, изведена во мермер со стилизирани растителни и геометриски мотиви изведени во плиток релјеф.

Во подниот мозаик застапени се геометриски мотиви и ги пратат основите на конхите во централниот дел од наосот, натрексот и јужната капела.

Изградбата на Вељушкиот храм е карактеристична и по многу претенциозните желби на основачот: не со димензиите, туку пред се со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби да ги надмине сите постојни уметнички остварувања на црквите во струмичката средина.

Текстот е превземен од

Од Википедија, слободна енциклопедија