Tuesday, January 6, 2009

Споменик на природата ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Споменик на природата ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 695 м, со површина од 358,2км2, од која на Република Македонија и припаѓаат 229,9 км2. Охридската Котлина, на чие дно лежи Охридското Езеро, настаната е по тектонски патпред околу 2 до 3 милиони години, во периодот на терциер. Со своите 289 метри длабочина, Охридкото Езеро е познато како најдлабоко езеро на Балканскиот Полуостров. Во Охридското Езеро, заради географската изолираност и поволните хидрографски услови, зачувани се и во него живеат повеќе од 200 видови ендемични организми, односно 70% од растенијата и животните во Охридското Езеро се со ендемски карактер. Еден дел од нив претставуваат живи фосили, речиси неизменети од времето на терциер наваму, како што се ендемскиот сунгер, реликтните видови полжави (над 27), од кои 86% се ендемични, неколкуте реликтни видови глисти, охридската пастрмка, белвицата и др. видови риби со ендемски карактер, како и поголем број реликтни видови алги, меѓу кои, најбројни се дијатомеите. Многу птици, од кои некои се CORINE видови го користат Охридското Езеро како место за исхрана и засолнување во текот на зимскиот период. Заради ваквото богатство со природни вредности, Охридското Езеро во 1979 година е внесено во Списокот на светското наследство како природно добро, а во 1980 година поради значајните културно-историски вредности во поширокиот простор, тоа е номинарано и како Охридско природно и културно-историско подрачје.

my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224944

No comments:

Post a Comment