Thursday, January 1, 2009

Факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле

Факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле
Напишано од 365.com.mk
22.12.2008.
zname.jpg1. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

2. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости.

3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)

4. Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”

5. Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.

6. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

7. Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“ живеел во Скопје, имал жена и деца, а починал во 1942.

8. За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

9. Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.

10. Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски - 9 век.

11. Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

12. Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год.

Bо Битола тие отвараат ново “Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја во 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

13. Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, а покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.

14. Прва зоолошка на Балканот е изградена во Скопје.

15. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро!).

16. Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

17. Според НАСА, Кокино е четврта на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain и Angkor Wat Cambodia. Помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години, која е посовремена од Кокино.

18. Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, од кои најстарото во Европа - Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години, во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.

19. Во Македонија се годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво.

20. Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

21. Првата жена покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала црвени ткаенини. Токму црвената боја станала сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и востаничките знамиња.

22. Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот.

Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско(препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и книги создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

23. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

24. Првите карпести гравири се создадени во Македонија пред 32 мил. години.

Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

Преземено од
www.365.com.mk

Манастирот Свети Наум


Манастирот Свети Наум

Manastirot Sv. NaumМанастирот Свети Наум се наоѓа на најјужната страна од Охридското Езеро, непосредно до Македонско-албанската граница. Подигањето на манастирот е поврзано со името на Свети Наум, најблизок соработник на Свети Климент Охридски. Податоци за животот и дејноста на Свети Наум се наоѓаат во три житија. За него слово составил и охридскиот архиепископ Константин Кавасила. Во Историскиот архив во Охрид се наоѓа Летопис од еден свештеник од втората половина на XIX век. Во него се изнесени низа интересни детали за изградбата на манастирот, имотите со кои располагал, како и за животот на игумените. Меѓу другото е изнесен и податокот за катастрофалниот пожар што се случил ноќта меѓу 2 и 3 февруари 1875 година, кога до темел изгорел најголемиот дел од манастирскиот комплекс.

Fragment od rezbaniot ikonostas, 1711

Pogled na ikonostasot 1711Инаку, Свети Наум Охридски, пред крајот на својот живот, го подигнал манастирот Свети Архангел, и во него е погребан во 910 година. Наумовата црква била налик на Климентовиот манастир - Свети Пантелејмон во форма на детелинка со три листови.

Од неа, по завршувањето на Втората светска војна, при археолошките истражувања, пронајдени се само темелите и дел од ѕидовите. Црквата не се знае кога е разрушена, но се претпоставува дека тоа е направено пред доаѓањето на Турците.

Pogled na triblonotЗа време на Османлискиот период ( се претпоставува дека е тоа XVI век ) на темелите на старата црква е подигната сегашната црква и тоа во две фази. Сегашната форма е во облик на впишан крст во квадратно пространство со купола, која е поставена на четири столбови. Над нартексот е додадена слична купола со висок тамбур. Гробницата на Свети Наум се наоѓа на јужната страна во посебен дел.

Во црквата не се зачувани фрески од времето на Свети Наум, ниту пак со истражувањата што се направени е потврдено дека постоело сликарство на почетокот на X век.

Svetite SedmochisleniciСпоред натписите што можат да се најдат во црквата, живописувањето е направено во времето на игуменот Стефан во 1806 година. Тоа го направил зографот Трпо, син на мајсторот Константин од Корча- Албанија.

6. Vpregnuvanje na mechkata vo jarem, grobna kapela, 1800Rezban fragment od stolovite, naos, 1806Особено импресионираат сцените од животот и чудата на Свети Наум Охридски. Тие се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис. Петте сцени што се насликани се прераскажуваат од генерација на генерација и се вброени како Наумови чуда. Тоа се композициите "Впрегнување на мечката во јаремот", "Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телето на Свети Наум од неговиот гроб", "Лекување на нервно заболени", "Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква" и "Ведрото остава вдлабнатина во каменот". Доминантно е верувањето дека Свети Наум имал способност да ги лекува душевно заболените лица. Според некои извори во кругот на манастирот во 1662 година имало и "болница".

Bogorodica so Hristos od karlotata, narteks, 1806

Иконостасот во црквата е работен во резба во 1711 година. Авторите на резбата не се познати. Тие биле под влијание на резбарските традиции од Света Гора и направиле навистина исклучително уметничко остварување. Истата година зографот Константин работел на иконите - престолните и празничните, меѓу кои посебно се истакнуваат "Распетието Христово" и "Влегувањето во Ерусалим". Иконите од иконостасот се смета дека се меѓу најдобрите остварувања од првата половина на XVIII век.

Sv.Naum i Sv.Kliment, ikona, 1711 5. Bogorodica so Hristos, ikona, 1711

На столбовите во припратата на црквата се наоѓаат две кирилски и еден глаголско-кирилски натпис, од крајот на X до XII век. Тие се сведоштво за најстарите словенски писма

( глаголицата и кирилицата ) во Охрид.

www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/sv_naum.htm