Tuesday, January 6, 2009

Водопади

Водопадот на Кораб

Под врвот Кораб (2863 метри) се наоѓа мало зарамнување, кое се вика Кобилино поле. Од него извира Длабока река под Мал Кораб, која прави најголем водопад во Македонија.

Водопадот е на длабочина од 100 метри односно според слободна процена, падот на водата е околу 136 метри. Најблиско село до него е Жужње, потоа Нистрово и така се до Маврови Анови.



Смоларски водопад

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска Река, десна притока на реката Струмица, на н. в. од 600 м.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.



Колешински водопад

Се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на н.в. од 500 м.

Висок е 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни стени. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри.


www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=31&ppid=266

No comments:

Post a Comment