Tuesday, January 6, 2009

Занимливости за Македонија

Најстарото дрво во Македонија

Најстарото дрво во Македонија е платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај народот попознат и како чинарот


Чинар (Platanus Orientalis) во центарот на Охрид

Според народните преданија и легендите, чинарот во центарот на Охрид расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век).


Зоолошките истражувања во Македонија се започнати главно во II половина на XIX век.

Меѓутоа, еден од првите истражувачи на ентомофауната на Македонија И.Фривалдски собирал од нашите краишта ентомолошки материјалуште во 1835 и 1836 год. Во овој почетен период и колекционери и истражувачи биле странците, а истражувањата биле само фаунистички.

Во нешто зголемен обем овие истражувања продолжуваат и во почетокот на XX век , кога иако скромно, се јавуваат и некои балкански истражувачи, како на пр. Ж.Ѓорѓевиќ.

Од периодот меѓу двете светски војни се истакнуваат С.Караман и С.Станковиќ по чија иницијатива се основаат и Природнонаучниот музеј во Скопје (1926 год.) и Хидробиолошкиот завод во Охрид (1935 год.). Посебно важни трудови од овие двајца научници се “Pisces Macedoniae” од С.Караман (1924 год.) и “ Die Fauna des Ohridses und ihre Herkunft” од С.Станковиќ (1931 год.).

Во Македонија нешто пред тоа престојува и германскиот истражувач Ф.Дофлајн, кој за време на I светска војна собрал најразличен фаунистички материјал и ја објавил книгата “ Mazedonien”(1921 год.).

Во обработката на систематиката и зоогеографијата на одделни животински групи во тој период се откриени голем број ендемити и реликти, особено во истражувањата на подземната фауна и фауната на Охридското Езеро. Следуваат истражувањата на полето на екологијата, специјацијата за фосилната неогенска фауна на цицачите, откриени во околината на Велес (Шлосер, 1921 год,; Ласкарев, 1921 и 1923 год.)


Охридско езеро





Парада (ang. i franc. “parade“, ital. “parata”, germ.”Parade”) во пошироко значење е свечена смотра или поворка.

Воената парада е свечена смотра на одредени единици на копнената војска, воената морнарица и военото воздухопловство заедно или поедонечно. Дефилето пак денес е главен дел на парадата, но некогаш бил и единствен, заради што и овие два поими често се поистоветуваат. Главната цел на воените паради е да се прикаже силата, обученоста, опременоста и дисциплината на единиците. Во копнените војски првите паради всушност биле смотри и тоа во војските на стариот век. Највеќе забележени податоци за ова има од Римјаните чии победници - војсководци милувале да приредуваат триумфи.

Но всушност Римјаните ова славење и паради на своите војски го преземаат од Македонците.Железната дисциплина на македонските фаланги, врвната обученост и непобедливоста барале интензивни обуки и постојани смотри, проверки и постројувања воведени од Филип II. Со победите особено над надмоќните дотогаш непријатели, Македонците имале потреба од искажување на своето одушевување, сила и величие. За разлика од грчките градски (полиси) мали и бројно ограничени војски, македонските фаланги биле за она време неброени трупи со воведената општа мобилизација во кои сега се развиени и нови родови (лесна и тешка коњица, лесна и тешка пешадија, инжинерија, логистика, балистиката со фрлачките нови справи и др.).Победниците Македонци покрај другото на овие дефилеа воделе бројни заробенички војници и пленот особено со Александровите победи и освојувања.Единиците при врвењето биле со знамиња и симболи на своите единици, се извикувале поздрави а народот одушевено ги поздравувал своите непобедливи војски.

Покрај другите поголеми градови на Македонија во Александрија за ваквите потреби и намени Македонците градат посебни пристапи и улици. Така до самиот град имало улица со широчина од 4 м. која веќе при влезот се проширувала на 6 м. , но оваа била пристапна улица. Главната улица за паради во Александрија била долга 6 км. а широка 33 м. Тука татнеле македонските фаланги и нивните војсководци – победници долго и по Александар завршувајќи со последната кралица Македонка од династијата на Птоломеите, Клеопатра VII. Се што подоцна се јавува е само имитација и доизведба на македонските паради.

Во средниот век терминот парада првпат се употребува во Шпанија во мањешката терминологија а во Франција дури за време на Луи XIV кога добива нова содржина и означува церемонија која од 1665 год. ја изведувала гардата.


Современите воени паради потекнуваат длабоко од антиката



Златото на Персија кај Александар

По решавачката битка со Дариј III Кодоман, која Александар ја добива во своја корист, паднале и многубројните богатства од бојното поле.

Александар лично ја запленил златната кола на Дариј а во раце му паднала и големата благајна на Персискиот владетел, главно во злато. Но за време на борбите Александар дознава дека Дариј наредил да се засолнат воените златни резерви во армејската скривница во Дамаск. Побрзал испраќајќи го неговиот Генерал Парменион со еден јуришен одред но коога овој се приближилкон Дамаск, Управителот наредил златото од скривницата да се натовари на добиток. Но не ни втасале да се подготвата подобро за пренесување на златото на посигурно, веќе Македонците со Парменион во воен строј наближиле непосредно, што предизвиклао паника кај Персијанците.


Персеполис богатиот и моќен центар на Персиската империја ограбен од македонските трупи предводени од Александар III Македонски

Воениот командант на Дамаск, стражарите, робовите и носачите побегнале. Настапила чудна ситуација скапоценото богатство останало на коњите. Уплашените коњи се растрчале но уште недосредени и доподврзани добро го расфрлаат товарот по патот. Милиони златни монети почнале да се истуркаат како зрна од издупчени торби. И дури да трепнеш целата полјана ја прекриле златни и пурпурни бои, тоа било глетка над глетките. Се собирало долго време потоа од полјаната, кога го собрале тоа изнесувало 700 000 таланти. Биле потребни 700 мазги и поголем број коли за пренесување на златото.


www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=9&pid=33&ppid=277&seoctl00_SodrzinaMk_PodkategoriiTekstovi1_dlStranici=page5

<






No comments:

Post a Comment