Sunday, January 11, 2009

Скопското Кале, Скопје, Македонија

Предисториско Кале

Најстарите остатоци од човекова активност на Скопското Кале се дирекно врзани за археолошката здравица на просторот, која била формирана низ долги геолошки процеси, врз основата од седиментен песочник. Најпрво бил формиран дебел слој од речен нанос, поточно била создадена еден вид речна тераса од чакал. Со плавење, врз неа бил наталожен нанос од песочна глина од седиментната основа. Овој глинест слој, некаде црвен, некаде жолт, се јавува со дебелина на места повеке од еден метар. Токму во таа песоклива глина се откриваат вкопани различни објекти како остатоците од иницијалната - најстара населба од Бакарното Доба - Енеолитот или од 4 милениум пред Христа.
Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот во нив е вообичаен за таквите објекти и го сочинуваат бројни форми керамични садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечила од коска, камен и кремен. Нивниот интензитет, диспозиција и организација зборуваат за голема и економски јака населба, која го зафакала целиот простор на Калето и првите источни тераси.
На сите истражувани позиции каде беше стигнато до глинестата здравица, без исклучок се откриваа енеолитски наоди, секогаш во непосредна релација со здравицата. Најповеке и најцелосно сочувани вакви остатоци се откриени во Секторите 3А и 7 , или таму каде што имало помал интензитетот на користењето на просторот во помладите времиња.
Во слојот од жолта песочна глина во Секторот 7 беа откриени делови од 4 куки-полуземјенки. Слична е ситуацијата и во Секторот 3А-единствениот поширок и посоодветен простор за праисториски истражувања, кој не беше битно зафатен со подоцнежни градби. Таму беа откриени 2 последователни енеолитски фази. Во постарата фаза тој простор бил користен како култен дел од населбата или простор на кој биле задоволувани религиозните потреби на населението раното бакарно доба. Во кружно оградувани површини биле обавувани различни ритуано-религиозни активности со принесување жртвени дарови и нивно оставање, поточно собирање на остатоците од нив во еден вид култни јами, вертикално вкопани во глинестата здравица. Таквите објекти имале надземен дел од дрвена скелетна конструкција со набиени колци и долен, вертикално вкопан дел, во форма и со содржина на култни јами. Во следната фаза на истиот простор биле подигани куки со правоаголна до елипсовидна основа, поточни со под вкопан за 20-тина см во глинестата здравица. Надземениот дел со шаторска форма и кров на две води.
Низ следниот период на Бронзеното доба или во текот на ИИИ и ИИ милениум пред Христа, праисторискот живење продолжило, но на помал простор, ограничен главно во североисточните делови на Калето. Така, повеке бронзенодопски слоеви се откриени само во Секторот 7. Во нив се документирани, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено доба, делови од стамбени објекти од средното бронзено доба и една кука од доцното бронзено доба. Сите тие зборуваат за континуиран развиток на една локална култура во која се негувале општобалканските вредностите од т.н. подунавско-бакански културен комплекс. Сепак, кон крајот на бронзеното време евидентно е присуството на елементи од југ, (најповеке во керамиката) со што, како и целото Повардарјето, овој простор културно се свртува кон егејскиот југ.

Најмладата праисториска населба, онаа од Железното време (прва половина на првиот Милениум пред Христа) значела продолжување на животот, но сега концентриран на нова позиција, главно во југоисточните делови на Калето. Иако на многу мала површина откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куки на правоаголна основа градени со дрвена скелетна конструкција од колци и плет. Инвентарот во нив подразбира главно керамика, вообичаена за железнодопската култура во Повардарјето и Македонија.

Античко Кале

Поинтензивни остатоци од живење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени, но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на ИВ век пред Христа. Во времето на егзистирањето на познатите утврдени населби во Скопско (Градиште-Нерези, Жданец, Градиште-Бразда, Градиште-Бучинци, Исар-Студеничани, Кале-Варвара и други), на кои се откриени силни раноантички манифестации од пајонско-македонскиот културен круг, на Скопскот Кале се појавуваат остатоци од поедини култно - ритуални дејствија. Така, во Секторот 7 се откри култен простор-ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за ИВ век пред Христа во Скопско, и наод на бронзена монета на Александар III, настарата досега откриена монета на Калето.


Средновековно Кале

Следните населбински остатоци припагаат веке на Средновековниот град. Притоа, во сегашниот степен на истраженост останува отворена дилемата за можното поврзување на монументалниот т.н. киклопски бедем со крупните градежни активности во Скопско во времето на големиот цар Јустинијан или во VI век. Овој бедем, граден од големи камени блокови, од внатре залиени со цврст малтер и широки 2,80-4,20 м. претставува единствен пример на ваква ѕидарија на Балканот. Сепак, без натамошни истражувања на поедини поиндикативни позиции за решавање на тоа прашање, како што е на пример просторот на Источната тераса, ни останува само да го претпоставиме точното време на првото подигање на монументалниот бедем како и вистинската улога и значењето на Калето во Јустинијаново време.
На истражуваните позиции на Калето досега не се откриени населбински слоеви или поизразени културни појави од VI век. Сепак, поедини наоди на керамика или неколкуте монети оставаат простор за идни истражувања во тој правец и откривање многу повеке остатоци од евентуалната населба од Јустинијаново време.

Во секој случај, непрекинатиот и бурниот историски развиток како вистински градски центар или Средновековно Скопје започнува некаде кон крајот на 10 век или во Самоиулово време и трае до денес.
Тогаш, под Самуил, Скопското Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го оградуваат Горниот град, формирајки, по многу нешта единствен фортификационен систем, граден според највисоките тогашни критериуми и градежни техники. Откриените бројни монети од 10. и 11. век, погребувања веднаш од внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели, керамика и други ситни наоди од истото време зборуваат дека Калето во тоа време функционирало најверојатно како голем воен кастрон. Крепоста била стратешки поставена во центарот на самоиловата државата, од каде одржувала комуникации со Прилеп, Битола, Преспа, Охрид и другите градови на југот, со Призрен и јадранските градови на запад, со Белград и Видин на север и со Средец (Софија), на исток.
На истражуваните простори, во секторите 4 и 5, долж јужниот бедем откриени се остатоци од бројни дрвени градби со отпадни јами, огништа, печки и остатоци од металуршка активност. Најверојатно повекето од нив биле бараки за војниците, магацини, работилници - ковачници за изработка и поправка на оружје, сите во одредена комуникација со бедемот од внатрешната страна.
Од истиот град, во Секторот 5 беше откриен јужен влез во тврдината, со сите придружни елементи , кој ке биде користен и обновуван неколку пати во следните векови, како главен влез, и на подоцнежната средновековна и на ранотурската тврдина.
Во продолжение на влезната партија кон исток беа откриени остатоци од калдрмисана површина - пат , што водел долж внатрешноста на јужниот бедем до повисоките делови на теренот. Откриените камени црковни украси во тој дел на теренот, укажуваат дека некаде (во сеуште неистражените партии) во 10-11 век стоела најмалку една црква.
Сите остатоци од оваа условно кажано “самоилова” фаза се проследени со монетни наоди на т.н. анонимни фолиси, и на императорите Василиј II, Никифор III и Михаил VII, сите од 10 и 11 век, откривани најчесто во изворна положба.
Сето ова убаво го документира важното место и големо историско, економско и политичко значење на Скопската тврдина во времето на Цар Самоил и неговите следбеници.

Кон крајот на 11-тиот век (од 1081-88 и пак во 1097г.) Скопје го држат Норманите (Викинзите), кои предходно ја зазеле византиската Јужна Италија, од каде се шират на Балкан. Така, Генералот Пунтесиј со 200 оклопници ги зазел најпрво градовите во денешна Јужна Албанија и преку Охрид и Полог стигна во Скопје, кое го држеле од 1081 до 1088 година. Норманите биле познати како производители на многу квалитетно оружје од добар челик.
Од тоа време, кај југоисточната кула на Калето, во Секторот 10, откриени се делови од работилници и ковачници, со згури од железо и од хром, а пронајдени се и делови викиншки самострел. Тоа важело за страотно оружје во тогашна Европа, а го користеле само Викинзите, така што наодот од Скопската тврдина претставува најубавата потврда за присуството на Норманите во Скопје.

За време владеењето на династијата на Комнените, низ целиот 12 век, во Византиското царство владеел мир и благосостојба. Според наодите на камени делови од украси на иконостас, на Скопската Тврдина во тоа време биле подигнати најмалку 2 цркви. И другите наоди во слоевите на 12 и 13 век го илустрираат Скопје како вистински центар, економско средиште на широка балканска регија.
На Скопската Тврдина во голем броја се присутни монети на династијата на Комнените, Ангелите и Дука и тоа во сооднос што кореспондира со економските и политичките состојби во царството.
Во тоа време, на Калето живеат и работат повеке мајстори-металурзи чии работилници се откриваат распоредени долж градските бедеми. Исто толку, ако не и позначајна е дејноста на бројни грнчари. Покрај секојдневната кујнска и складишна керамика, нивен врвен производ биле луксузните трпезни садови украсени со сликање, со гравирање и глеѓосување. Некои од најдените чинии се вистински уметнички дела, а целата колекција на таква керамика е една од најбројните и највредни на Балканот. Сите тие производи биле извезувани на широкиот среднобалкански простор.

Според историските извори од 1204-1264 година, Византиската империја била по прв пат раздробена и поделена на повеќе мали држави. Околу Скопје војуваат: Бугарите, Србите, Епирците, феудалците од Просек и Солун, царевите од Никеја. Економскиот пад на империјата е одразен во квалитетот на парите и другите производи. Сепак животот во скопскиот Горен Град продолжил со несмален интензитет, при што е забележано дека и Долниот град бил укрепен со обѕидие.
Покрај присуството на пари од овие новосоздадени кнежевства, на Скопската Тврдина присутни се и монети на средновековната Бугарска држава со Иван ИИ Асен (1218-1241) и на Србија со Стефан Урош ИИ Милутин (1282-1321). Сепак, од сите новонастанати политички субјекти, најприсутни се монетите на династијата на Палеолозите, од кои Михаил ВИИИ (1259-1282) е најзастапен.

Историските податоци кажуваат дека од крајот на 13-тиот до крајот на 14 век Скопје го држеле Србите. На местото на византиските чиновници доаѓа српска администрација, а кралот Стефан Душан ја преместил престолнината од Призрен во Скопје, каде бил крунисан за цар и го издал познатиот Законик. Од пишаните извори исто така знаеме дека Горниот Град (Кале) во тоа време бил густо изграден и дека таму стоеле најмалку 4 цркви. Резултатите од нашите истражувања во голема мерка ја документира таквата слика.
Градските бедеми на Калето биле обновени, заградувале сосема нова урбанизација, при што градот бил незнатно проширен во северозападниот дел. Јужната влезна порта го користела стариот премин, но прагот и бил подигнат за околу 1 м повисоко, а од источната страна била доѕидана голема четвртеста кула како пандан на западната. Остатоци од пространи јавни градби, градени од камен или со камен и тули и техники карактеристични за тоа време се откриени на неколку од истражуваните позиции, во Секторите 1, 4, 5 и 10.
На највисокиот и најдоминантен дел од Калето, во југоисточниот дел на градот или во Секторот 3, откриена е црква со крстообразна внатрешност и со некропола околу неа. Мегу другото, од оваа црква се сочувани парчиња од фрески (со стилско-ликовни одлики од крајот на 13-14 век), потоа еден посребрен путир скриен во криптата северно од црквата и позлатена сребрена посуда украсена со алмандини, емајл и голем грчки натпис околу неа (најдена порано, во јужното подножје на црквата). Во гробовите околу црквата е најден бронзен и сребрен накит како и повеќе монети кои потекнуваат од 13 и 14. век, како и една секундарно употребена надгробната плоча на некој болјар Влатко, со старословенски натпис, датирана во 1281 година.
Во рамките на Скопската Тврдина, според пишаните изворите имало и други цркви. Со истражувањатата на просторот близу до јужниот градски ѕид, а недалеку од Јужната порта ископани се бројни парчиња од ѕидни фрески од друга црква, како и поедини наоди на крстови. На истиот простор (Сектор 9) најдени се и најголемиот број наоди на оловни печати-пломби што се заедно најавува постоење на одреден црковно административен центар, некаде во близината, во сеуште неистражените делови од теренот.

Од монетите од тоа време откриени се неколку примероци на Стефан Урош ИИ Милутин (1282-1321) и Стефан Душан (1331-1355). Времето пак на доцниот 14-ти и 15 век, како период на т.н. самостојните средновековни владетели во Македонија, присутен е со само една монета на кралот Волкашин (1365-1371).


Калето во турскиот период

Во 1391 година Јигит-бег го освоил Скопје. Бидејќи Скопјаните пружале силен отпор, Турците за казна го разурнале градот и делови од градските бедеми. По тие настани Калето добива нов карактер и служи како воена касарна.
Со истражувањата долж јужниот бедемски ѕид, откриено е обновување на круништето на средновековниот бедем, како и бројни темели од камени градби, магацини, работилници и бараки, најверојатно за потребите на турскиот воен одред.
По разурнување на Јужната порта, истата била целосно реконструирана за новите воени потреби. Двете странични кули се проширени во основа и надѕидани во горните партии, а просторот помеѓу нив затворен со нов ѕид. Бил поставен нов премин, напола стеснет со праг издигнат за околу 2,50 м повисоко од предходниот. Поради силниот рушевински слој и насипување одвнатре, должбедемската улица (via sagularis) се преградува со подѕиди, а се отвара нова главна влезна улица која води право нагоре, кон повисоките партии, денес во неистражениот дел на теренот.
Инвентарот во откриените градби од тоа време документираат вообичаени активности за тврдина со таков карактер.
Границата на Турската империја набргу се поместува далеку на север и Скопската Тврдина го губи воено-стратешкото значење, освен како касарнски простор за мала воена посада.
Од тоа време, во североисточниот дел на тврдината откриени се бројни јами од кои се вадела глина, а потоа служеле како отпадни јами засипувани со отпадот и чкартот од околините занатски работилници. Во нив се откриваат разни ситни предмети за домашна употреба, животински коски, искршени железни алатки, згура од топење метали, свеќници, а најповеке парчиња од искршени, недопечени или грешно изработени грнци, чинии, стомни, и други садови, како и печници-украсни глазирани плочки со кои биле ѕидани камините.
Султанот Бајазит I (1389-1402) и Мехмед II (1444-1481) се првите турски владетели потврдени со нумизматички докази. Но, низ следните векови од турската доминација силно изразен е недостигот на монетна циркулација на Скопската тврдина. Очигледно таа немала намала некое поизразено економско, трговско или комерцијално значење.

Во есента 1689 г. австриска војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај испратен до царот во Виена стои дека Скопската тврдината бела полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб одбрамбен ров (од исток). Доволни биле 400 коњаници за во еден јуриш да ја освојат тврдината. Овој извештај е сосема спротивен од распеаниот опис што го оставил Евлија Челеби од истото тоа време.
Археолошките наоди, откриени со нашите истражувања го потврдуваат извештајот на Пиколомини.

Еден натпис што стои вѕидан во источниот бедем, датиран во 1700 година зборува за голема обнова на Калето. Со истражувањата заклучивме дека тои и се случило. Мегу другото како најкрупен зафат било градењето на големиот надворешен обѕид. Пред челниот источен и јужен ѕид ѕид целосно бил изграден новиот обѕид или предѕид со нови монументални кули и пушкарници. Изведен бил влез на западниот крај на обѕидот кон реката Вардар, како и нов главен пристап во Тврдината, преку монументална рампа и капија, низ која се влегувало од Подградието-Чаршијата низ стариот источен бедемски ѕид. Старата Јужна Порта го изгубила дотогашното значење.
Археолошките наоди документираат сеуште војнички карактер на Тврдината. Близу југоисточната кула се откриени остатоци од ковачници и крај нив делови од стари пушки, спремни за топење и прековување. Многу делови веќе беа наполу стопени. Чести наоди од тоа време се бројните керамични лулиња.


Калето во ХХ век

На крајот од I светска војна, во 1917-18 година, на Калето бил сместен штабот на Австриската војска. Траги од тој престој се откриваат во најгорните слоеви на Калето во форма на оружје и други ситни предмети од војнички карактер.
По формирањето на Југославија, во време од 1921-30 г. на Калето беа изградени 10-ина масивни воени градби: генералштаб, касарни, магацини и др. Тие таму стоеле до 1951 година кога војската била повлечена од Калето, а во градбите се вселиле Археолошкиот и Историскиот музеј. Во земјотресот од 1963 година сите овие градби биле срушени, формирајки рушевински слој, со дебелина на места од неколку метра.
Со нашите ископувања ги наоѓавме темелите и подрумските делови на тие градби. Некои од нив ги сочувавме како сведоци за најмладата фаза на живот на Скопската Тврдина, пред катастрофаниот земјотресот 1963 година.

No comments:

Post a Comment