Monday, January 12, 2009

Пелагониска Котлина



Од Википедија, слободна енциклопедија

Пелагонија е најголемата котлина во Македонија, која самата по себе формира и посебна релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југо-западниот дел на Република Македонија, опфаќа површина од околу 2000 км² и нејзиниот правец на протегање е меридијански (север - југ) и продолжува кон Грција.Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка Македонија. Таа денес се протега во две држави: Македонија и Грција. Се состои од Битолското и Прилепското поле во басенот на Црна Река и нејзините притоки во Македонија и Леринското поле во Грција. Котлината е опкружена со планините Баба, Бушова планина од запад, Даутица и Бабуна од север, Селечка планина и Ниџе од исток, додека на југ и југо-запад е оградена со падините на Нередска Планина. Во минатото во времето на терциерот Пелагонија била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна и алувијална почва. Просечната надморска височина се движи од 710 до 615 метри во Прилепското поле и од 610 до 540 метри во Битолското поле.

No comments:

Post a Comment