Monday, January 19, 2009

Традиција - Штип

Како град со долга и богара историја Штип одсекогаш гаел посебен однос кој традицијата - одредени обреди или манифестации, независно во кој период или степен на човековит развиток настанале. Некој од нив датираат уште од паганско време, дел имаат верски, религиозен карактер, а некој се резултат на културниот растеж на градот.Поголемиот дел од нив одамна го имат надминато локалниот призвук и редовно го привлекуваат вниманието на туристи од државата но и од странство. Во секоја од нив се открива гениалноста на нардонит творец : со огромна лубов изработени носии, ракотворби, ора, песни, колинарски специјалитети. Штип е познат како град каде со векови постои култ кон негувањето на виновата лоза и црешата.За Штип е карактеристичен штипскиот говор или според дијалектната класификација говорот кој што спага во штипско - струмички.Инаку секој 7 жител добро ги владее англискиот или некој од светските јазици.
8ми ноември е Празник на градот.
Секоја година 8.ноември се обележува со мноштво манифестации, традиционална ноќна трка, изложба на ДЛУШ, книжевни вечери, свечена седница на Советот и сл.
Долгата традизија на празнување на митровден веројатно била прилина на овој величествен ден за штипјани место едниницата на НОВ да влезат и во 1944 година да го ослобат од последниот окупатор кој влегол во Штип, На тој начина вековната традиција и бележитите настани од најновата историја во градот се слеале во едно.
Коледе
Стар пагански обичај со долга традиција прифатен и од христијанството.Редовно во сите маала се палат огнови ококу кој се игра пее и благословува.Целата церемонија е проследена со фолкорни елементи.
22 март Свети 40 маченици
Редок обичај кој е карактеристичен за Штип гледано во пошироки рамки поврзан со христијанскиот празник свети 40 маченици, но и со постари пагански верувања поврзани со брдото Исар.На 22 Март иладници луге од утре до мрак се искачуваат на Исарот од каде којн реката Брегалница секој за себе фрла по 40 каменчиња и секој се ракува со 39 луге ,а 40 треба да го бакне.
Богојавление - Водици
традиционално се врши осветување на водите на реката Брегалница и фрлање на светиот крст.Целата манифестација е пропратена со пригодна цркаовна церемонија со која чиноначелствува митрополитот Брегалнички.

No comments:

Post a Comment