Monday, January 19, 2009

Храм на Изида (Охрид)

Храмот на егитепската божица Изида бил храм во Охрид (тогашен Лихнидос) во денешниот центар на градот. Лоциран е подземно, на просторот меѓу месноста Карабегомала и Градското собрание.
Во мај 1967 год. при изградба на станбена зграда, овој археолошки локалитет го откриле стручњаци од Охридскиот завод и музеј. Меѓутоа, поради специфичноста на просторот на кој има повеќе станбени објекти, а најмногу поради недостиг од средства, не се продолжило со пообемни истражувања. Најголеми археолошки зафати, биле извршени во северозападниот дел од локацијата - крајниот северен темел на зградата. Бил откриен дел од градбата, кој се состоел од две простории. Најинтересно е што на овој простор биле пронајдени и две статуи на египетската божица Изида. Тие сега се чуваат во витрините на куќата на Робевци и претставуваат особено атрактивни експонати. Просторот под зградата каде што е откриен овој локалитет е заштитен со посебна метода.е претпоставува дека оваа градба, посветена на божицата Изида, датира од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство, некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас. Меѓутоа, треба да се напомене дека е ова античка градба. Што се однесува до Изида, таа била божица на плодноста, на патувањата. Изида е египетска божица, а храмови посветени токму на неа има низ цела Македонија. Некои охридски археолози велат дека можат да се добијат нови сознанија за оваа градба само доколку продолжат испитувањата на просторот во централното градско подрачје во Охрид. Тие претпоставуваат дека ќе се пронајдат и деловите од статуите на Изида, што недостигаат сега.

1 comment:

  1. Финансиско обновување со помош на Педро Џером. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com тоа е неговата е-пошта и ова е неговиот број на whatsapp +18632310632. Јас сум Леонардо Хуго, агроном кој можеше да го оживее своето Производство на добиточна храна што умира преку помош на заемодавачот од GodSent познат како Педро Џером, службеникот за заем. Сакам да знаете дека неговата Служба е вистинското место каде што можете да ги решите сите ваши финансиски проблеми, бидејќи јас сум живо сведоштво и не можам само да го задржам ова за себе кога другите бараат начин да бидам финансиски подигнат. Сакам сите да го контактирате овој заемодавач што го испрати Бог користејќи ги деталите како што е наведено со цел да бидете учесник во оваа одлична можност, а исто така тие работат со добра/реномирана банка која без одлагање префрла пари на мојата сметка.

    ReplyDelete