Monday, January 19, 2009

Карпеста уметност во Македонија

Карпеста уметност во Македонија

Карпестата уметност се состои во представи на луѓе, животни, идолиформи, симболи, создадени со гравирање, сликање или низок релјеф врз камења и карпи.

Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години.
Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.

Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република Македонија.Се предпоставува дека на територијата на денешна Македонија има над еден милион карпести гравири. Според Светската Федерација за Карпеста Уметност Македонија е светски лидер на полето на истражувањето на карпестата уметност.

Според др.Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност.
Во Македонија е пронајден и Скочивирскиот натпис-атомска бомба во научниот свет.
Сличноста на буквите од овој натпис со буквите од глаголицата упатуваат на размислување дека Светите браќа Кирил и Методиј не случајно го измислиле "словенското писмо".

Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација.
Карпестата уметност живее во духот на македонскиот народен гениј, што може да се забележи од следните две фотографии.
Карпестиот гравир е речиси идентичен со народниот вез од село Бељаковце.

1 comment:

  1. Карпестата уметност отвори нови перспективи за афирмација и популаризација на македонската нација, наука и кулура.Тоа го покажа и последниот светски собир на палеолингвисти во Итаија
    Поздра Јаким Георгиев, генерален секретар на центарот за карпеста уметност

    ReplyDelete