Monday, January 19, 2009

Старата скопска чаршија

Старата скопска чаршија се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Чаршијата претставувала атрактивен простор за сите патеписци и посетители на Скопје во минатото. Турскиот патеписец Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-61 год. забележал:

Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (Памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.

Историја на чаршијата

Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 год., бугарскиот цар Константин Тих Асен му дал одобрение на манастирот Св. Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени такси заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Овие, пред се, трговски манифестации започнале да се одржуваат во периодот меѓу 1028 и 1034 год. на манастирската ливада, која се наоѓала на периферијата на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава, односно токму на местото на кое денес се наоѓа најпознатото скопско пазариште Бит-пазар.

Во текот на XIII век, по примерот на другите византиски метрополи, Скопје го добива својот прв своевиден трговски центар - монументален трговски занаетчиски објект, кој во тоа време претставувал една од најголемите и најскапи инвестиции на само во Скопје, туку и во поголемиот дел на Балканот. Овој објект, кој целосно е видлив на познатата гравура на холандскиот графичар Јакобус Хаверин, објавена во 1594 год. во Нирнберг, и чии последни остатоци биле разурнати дури во првите децениина овој век, се наоѓал во јужниот дел на Доленград, во близина на бедемот покрај кој минувале заштитниот канал со вода и корита на Лепенец и на Вардар. Објектот имал 15 издолжени сводови, под кои се наоѓал голем простор од, најверојатно, околу 1.200 м2.

Вук Бранковиќ во 1392 год. градот им го предава на Турците. Доаѓањето на османлиите значело продолжување и проширување на веќе востановената традиција. Во периодот од XVI – XVII век чаршијата го достигнала својот урбан и стопански зенит, развивајќи се во една од најголемите и најзначајни ориентални чаршии на Балканот.

Скопската чаршија во својот историски развој претрпувала значителни штети од големи пожари, земјотреси и поплави, кои оставиле длабоки траги врз изгледот на чаршијата. Таа многу настрадала во опожарувањето на Скопје во 1689 год. што го извршил австрискиот генерал Пиколомини. Следните два века, таа останала мала чаршија со скромна понуда. Во втората половина на XIX век чаршијата почнала да заживува, но во 1908 год. повторно настрадала во пожар. Огромна штета претрпела и во земјотресот од 1963 год. Сепак, таа претставува единствен споменик на културата во Македонија во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.

Музеј на старата чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија е формиран како депанданс на Музејот на град Скопје. Тој е сместен во споменикот на културата Сули ан. Вкупната површина на објектот Сули ан изнесува окулу 2500 м2. Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во 473 м2 од кои 355 м2 изложбен простор, а остатокот се пратечки простории. Музеј врши комплексна музејска дејност, односно планска и систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејските збирки и создавања на информативен апарат за тие збирки, заштита и чување на музејски предмети, презентација на збирките преку постојани и повремени изложби и публикации. Поставката на Музејот, отворена во мај 1983 година, се состои од повеќе области, археологија, историја, етнологија и уметност.

Знаменитости во Старата чаршија

1 comment:

  1. Дозволете ми да споделам некои добри работи со вас на вашите прекрасни блогови. Можев да купам имот со помош на г-дин Педро и тимот на неговата компанија за заем брзо реагираше и бидејќи ова беше мојот прв пат да земам заем за да купам имот, тој можеше да ми помогне да го поминам процесот на заем. Беше одлично искуство да се работи со добар и љубезен заемодавател. Се надевам дека многу добро знаете дали барате заем за купување имот или за финансирање деловни цели, тогаш оваа порака е за вас, ќе можете да ви помогнеме со таков процес овде неговите детали Адреса на е-пошта: pedroloanss@gmail.com & whatsapp текст: +18632310632

    ReplyDelete