Sunday, January 11, 2009

Македонски вез


Македонски вез

Од Википедија, слободна енциклопедија

Еволуција на Македонскиот народен вез

Пренесувајќи се континуирано од поколение на поколение, согласно со битот и вербата на македонскиот народ во продолжување на традициите, највисокиот дострел во својот развој накедонската везбена уметност го дотигнала во 19 век. Оваа уметност, чии корења лежат уште на прасловенската почва, секако во себе вклопила траги и наслојувања од разни изминати епохи и култури. Нејзиниот сложен еволутивен процес почнал да се одвива ообено по доселувањето на Словените на Балканот, преку приспособување со сродните старобалкански културни елементи. За натамошниот развој и формирање на македонската везбена уметност посебно значење имал византикаата култура, за што придонело и непоредното соседство на Македонија о византиската цивилизација. Вековното турско влијание, не е одразило битно во развојот на македонското везбно творештво понатаму, макар што е евидентни некои елементи и од исламската уметност, особено во одно на колоритните промени и инфилтрирањето наа нови мотиви. Но, и покрај разните историски фактори, формирањето на македонското везбено творештво во една издиференцирана ннародна уметност секако се должи најмногу на колективните уметнички потенцијаали на средината во која се создавало и егзистирало. А во тој поглед македонскиот наароден вез јазно сведочи за творечката оригиналнот на неговиот создавач - македонската жена.

Носители на Везбеното творештво

Носители на везбеното творештво во Македонија исклучиво биле народните носии, посебно селските, кои се задржале во својата комплетна животна функција се до првите децении на овој век. Везот преставувал карактеристичен традиционален украс, особено на женките носии, а од нив најмногу е везеле кошулите и покривалата за на глаава. Женката кошула, о воите скромни кројни елементи на туниковидна облека, типична за цела Македонија, задржала траги на прастари форми, кои ј доведувааат во непоредна врска со старобалканската орнаментирана туника, употребувана на Балканот уште пред доаѓањето на словените, а која не му била туѓа ни на ловенкиот вет. Задржувајќи се на првобитните стадиуми во развојот на оваа објека што се однесува до нејзиниот облик, македонските кошули ја развиле понатаму нејзината декорација, во која е одразил и раскошниот стил на византискиот текстил.

Меѓу разните женки везени покривала за на глава посебно место им припаѓа на невестинските сокаи и убруси, а тие не само што се истакнуваат како врвни естетки вредности на македонската везбена уметност, туку имаат и историско значење како најстари македонски везбени изработки, досега, во кои е конзервирана голема архаичност. Нивната очигледна сличност по форма, техника, орнаментација и функција, со соодветни делови од носиите на некои народи од Поволжјето, не можела да никне случајно и секако потврдува многу дамнешни културно-историски врски.

Изработка на везовите

Македонските везови се работени редовно со домашни волнени конци, што го овозможувало и некогашното развиено македонко овчарство. За везење на празнични и неветинки носии се употребувала и домашна свила, а речиси насекаде, за нив се користела и срма. Посебно карактеристичен бил домашниот традиционален начин на приготвување волнени конци за везење, кои е сукале и удвојувале само о раце, без никакви технички помагала, што преставуваат еден од најпрвобитните степени на предење текстилни влакна.

Карактеритично речиси за сите македонски везови е нивната изведба со броење на жиците од платното и најчесто од опачната страна, што овозможува полесно броење, но кое бара и развиена техничка вештина. Во поглед на техничката изведба, за македонските везови најтипична е гобленската техника - полнеж, која о воите варијанти достигнала виоко техничко ниво. Одделни техники во везот - релјефните, ажурните, крвчињата - се ограничени само на некои области. Везењето со прави ободи - сокаечко, трупа - најмногу се застапени на женските покривала за на главаа, кои, поради мошне ложената техничка изведба, често ги изработувале само поединечни везилки.

Бои на везовите

Македонските везови се најчесто полихромни, но познавањето на повеќе тонски градации од исти бои, е осем ограничена појава. Поретко се застапени бихроматски везови, додека монохромните се карактеристика само на некои региони.

Во колоритот на македонските полихромни везови, доминира црвената боја во нејзиниот широк тонски регистаар, но тоа е во зависност од регионот и од хронологијатаа на нејзината употреба. Меѓутоа, присутна е паралелната примена на две нијанси на црвената боја, било како алтернација или како фон и орнамент. Друга доминантна боја е црната, а во својство на секундарни бои е затапена модрата, зелената и жолтаата, поретко и белата. Притоа, колоритните односи во македонскиот народен вез се трого определени, боите се комбинираниво согласност о закономерни ритмички принципи, кои откриваат еден беспогрешен вкус кај селската жена, која и не ги познавала законите на хармонијата.

Орнаментика

Општа одлика на македонскиот народен вез е строго геометриската орнаментика. Геометриските мотиви се застапени во нивниот најширок обем - од наједноставни прави и цик-цак линии до сложени геометрики облици. Чето и не е јано што преставуваат одделни орнаментални мотиви, кои во процесот на нивното пренесување од генерација на генерација, од место на место, се повеќе е модифицирале и губеле од своето првобитно значење, оформувајќи се во апстрактни геометризирани орнаменти.

Македонката везилка опфатила и флорални мотиви, но интерпретирани со геометризам карактеристичен за некзините везови. Најчеста е појавата на цветни мотиви, но и тие преставуваат стилизирани облици на цветови воопшто, о или без лисја, а не на определени видови цвеќиња. Но, и покрај трансформацијата на природните норми, во македонските везови се приутни и определени цветни стилизации, најчесто на лалето и каранфилот.

Шематизирани зооморфни и антропоморфни мотиви е најретка појава во македонскиот народен вез, кои во најголем број случаи означуваат преттави на поединечни животински или човечки белези. За ова веројатно придонеле и забраните на исламот за преттавување на човечки и декоративни ликови во декоративната уметнот, а Македонија најдолго од сите балкански народи останала под роптвото на Турците.

Секој предел во Македонија ја одржувал, низ поколенија, својата традиционална определеносст за орнамент, техника или колорит, наследени уште од дамнешни времиња. Овие пецифичности, особено во западниот дел на Македонија имаат потекло уште од прасловенскиот период. Големите миграциони движења во Македонија во последниве два века, придонеле за едно везбено шаренило на територијата на Македонија. Но, и покрај тоа, секој предел ги задржал своите специфични везбени особености, приспособувајќи го новите влијанија на старите ликовно-естетски карактеристики и традиционални норми.

Везот на женската носија од Кумановско, по војот ликовен третман и карактеритична чисто геометриска орнаментика, оздадена од аглести форми со исспрекршени и назабени контури, е единтвен во Македонија. Оргинално и архитектонично конструираните орнаменти, во пртежно црвен тоналитет, остро се оцртуваат на црниот фон, а техничката изведба со бодови во спротивни правци - што е инаку атипично за македонскиот вез - ја надополнуваат везбената декорација и со ефекти на светло-сенка.

Женските кошули од Скопска Црна Гора се карактеризираат со импозантна црна релјефна орнаментика, која по тил и фактура доследна поредба наоѓа во тектилната декорација на богато орнаментираните коптки туники од ранохристијанско време. Орнаментите најчесто е истакнуваат преку виртуозната игра на везбените техники или о дискретна примена на темномодри комбинации. Црниот релјефен вез од дебели конци е застапен и на женската носија од Долни Полог, но нејзината пецифичност е изобилната примена на бела срма и тенки метални ленти, што и даваат на оваа орнаментика блесок и посебна убавина.

Спротивно на смирениот црн колорит во везот на Скопска Црна Гора, женската носија од Скопска Блатија се одликува со разнобојна и разиграна орнаментика, која и по орнамент и по техничка изведба се разликува од претходните. За основа на орнаментите служи само белото платно, а везот изобилува со разни геометриски мотиви, но и со цветни тилизации, дури и митолошки преткави, најчесто аждери.

Живописните и познати мијачки ноии ги карактеризира и нивниот оргинален вез со линеарно-геометрики мотиви во интензивна црвена боја, а неговата специфичност е ажурната техника, но од друг вид, користеле и везилките од Дебар за украување на својата стара носија.

Ситната и префинета релјефна орнаментика, како и извонредно оригиналната орнаментална композиција, им даваат карактеристичен печат на везените кошули од Дебарски и Струшки Дримкол, од Струшко и Охридско поле. А сите заедно преставуваат вистинска орнаментална цветна градина, зошто тука цветните стилизации достигнале најширока примена и најреална интерпретација на природните форми. Со посебни естетски и технички квалитети се истакнуваат струшките и охридските сокаи за на глава, везени со вила или волна, во чија орнаментика доминираат геометриските мотиви.

Најтипичните претставници на гобленската техника се везените носии од Прилепско-битолската Котлина и од Мариово, кои импресионираат со богаството на мотиви и доминантната пламено-црвена боја.. Традиционалниот вез на женските кошули од овие подрачја зачувал една монументална стилска композиција, а од неа како да одблеснува сјајот на византискиот текстил. Најчесто се извезени во соодветни бои не само мотивите, туку и самиот фон, така што везот има ефект на ткаенина. А прилепските и битолските сокаи се вбројуваат меќу најубавите во Македонија.

Во женските носии од Кичевијата и Порече доминираат геометриските мотиви во раскошни комбинации, а по орнаменталниот карактер и мелите колористични решенија на одделни примероци, овие везови е доближуваат и до најсовремените ликовни настојувања. Но, творечките димензии на жената најмаркантно се превентирани на убрусите за на глава, кои, заедно со македонските сокаи, претавуваат вистински ремек дела на македонската везбена уметност.

Во областа Река меѓу Лерин и Костур, женските носии е украени со вез, кој ги наоѓа своите аналогии во носијата на најблиските битолски села, но кој е одликува со некои специфики во стилот, додека везбените мотиви од Леринско Поле се реализирани исклучително во техниката крвчиња, што е редок феномен.

Сите овие регионални видови во македонското везбено творештво, создавани со векови од многубројни анонимни мајтори на уметничкото изразување во везот, откриваат една развиена творечка фантазија, една беспрекорна мисла за игра на бои и форми и техничка изведба изградена до совршенство.

Крушево, Македонија

Крушево

Од Википедија, слободна енциклопедија


Крушево е град во западниот дел на Република Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот го добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на 18-тиот век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле. Во градот, покрај македонскиот, официјални се и влашкиот јазик (согласно новата одлука на Советот на Град Крушево од 30.05.2006 година) и албанскиот јазик.

Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1250 метри, па затоа се смета за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров.

Културата на Крушево

За културната историја на Крушево, од неговото создавање до шеесеттите години на 19 век, нема многу изворни податоци, барем засега.

Но, во првата половина од осумнаесеттиот век, според еден документ, во Крушево почнува еден процес на значително заживување на културен план. Кон крајот на 18-ти и во почетокот на 19-ти век, под насилствата на Турците во Јужна Албанија и арнаутските зулуми во Западна Македонија, настапува миграција на христијанскиот свет во Крушево, Битола и населбите во нивната околина. Се населуваат семејства на Власи од околината на Корча (градовите Москополе, Никулица, Шиписка, Грабова во првите налет, а подоцна и од планината Грамос и Пинд) и на Мијаци од селата на Мала Река. Меѓу населениците спаѓаат трговци, занаетчии, градители, зографи итн. Со време Крушево економски зајакнува, развива трговски врски со поразвиените центри на Балканскиот Полуостров и Средна Европа. Се создаваат услови за организирање урбан живот, засилена градежна и уметничка дејност. Во градот имало и централно егзархиско училиште коешто било главен културно-образовен центар за Крушево и околината.[се бара извор]



Крушевските градители, зографи и резбари стануваат познати имиња и во други краишта на Македонија, како и во соседните земји. Меѓу најстарите сакрални објекти, што биле изградени во Крушево, се смета црквата “Свети Никола” (1832), опожарена за време на Илинденското востание од 1903 година. Оваа главна црква е позната по прочуениот иконостас, работен од тајфата на Петре Филипович - Гарката, родум од с. Гари и неговиот помошник и зет Димитар Станишев, роден во Крушево. Двајцата резбари работат заедно скоро три децении.

По смртта на Петре Филипович - Гарката во Крушево (1854), Димитар Станишев формира своја тајфа, работејќи во Македонија, Бугарија и Србија. Умира на шеесетгодишна возраст (1866) во Крушево, а неговото дело го продолжува неговиот брат Антон Станишев.

Во непосредна околина на Крушево, на месноста Трстеник е подигната манастирската црква “Свети Спас”. Според една зачувана плоча, тоа станало за време на игуменот Глигорије во 1836 година. Во самиот град се подигнати три цркви. Тие се дело на домашни мајстори со прилично големи димензии. Црквата “Успение на света Богородица”, во Мијачката Маала, е од 1867 година, како и црквата “Света Троица”.

Во центарот на градот Крушево, во 1904/1905 година, е обновена од основа старата црква “Свети Никола” (1832 г.), но во знатно помали димензии. Само многу мал дел од опожарената црква “Свети Никола” денеска има во музејот на Илинденското востание и Крушевската Република и е зачуван цифеблатот (бројникот) на тогашната црква, чии камбани, како што се сеќаваа старите крушевчани, при опожарувањето и паѓањето се чуле, наводно до Прилеп.

И зографството било во подем во тие години. Според изборни податоци, зачувани пред сè на иконите во црквите, се спомнуваат имињата на повеќемина зографи, дојденци, или на оние од Крушево. Меѓу нив имаме истакнати личности со реноме на извонредни мајстори, чие сликарско дело оставиле трајни уметнички белези во средината каде што создавале. Таков пример се две зографски семејства - Зиси и Атанасови. Посебно Михаил и неговите синови Димитри и Никола (Лаќа).

Зографот Димитрие на едно место хроничарот забележал “..искусен во својот занает што во турска земја не може да биде друг…”.

Во областа на копаничарството, фрескосликарството и на традиционалното градителство, со специфичната крушевска куќа, има плејада поединци и дваесетина тајфи што крстареле и твореле не само на овие простори, но и подалеку по Балканот. Од архитектурата Крушево особено го трогнало познатиот француски архитект Ле Корбизје.

Радува податокот дека во оваа област како да се наѕираат и следбеници на истакнатите културни дејци од овој крај. Покрај неколкуте музеи, споменици, спомен-одбележја од подалечното минато, посебно од Илинденскиот период и навака, како: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република (отворен 1953 г.), Галеријата на основоположникот на современата македонска ликовна уметност, крушевчанецот Никола Мартиноски (1968 год.); Споменикот на националноослободителната борба и Илинденското востание (1974 г.), Споменикот на Мечкин Камен на авторот Димо Тодоровски (1983 г.), Музејот на НОВ (1989 г.). Покрај овие, тука може да се вбројат: споменикот на Никола Карев, на Питу Гули, бистата на Веле Марков, споменикот на боиштето на Слива, а сега е во тек изградбата, односно реконструкцијата и адаптацијата на Леарницата за куршуми за Потребите на востаниците. Со ова Крушево ќе добие и уште музеј.

Ликовното и копаничарското дело го продолжуваат сликарите аматери: Перо Начески (професор во пензија), кој ги слика старите куќи од 19-ти век, кои забот на времето постепено ги подјадува, даровитите природни убавини, што го опкружуваат Крушево, се наоѓаат на платната на сликарот аматер-примариус д-р Матеја Хаџи (Хаѕи) Лега (сега во пензија), чие творештво е инспирирано од неговото Крушево, како и од мотивите на струшкото крајбрежје, а копаничарот Ѓоре Ќискоски кој чекори по даровитоста на Петре Филипович- Гарката, моментално работи на ликот на поглаварот на Македонската православна црква- Неговото блаженство Г.Г. Михаил, кому наскоро ќе му биде предаден овој копаничарски портрет на скопската митрополија. Во исто време добар творец е и Велко Петковски-Шулц. Сите овие, а има интерес и кај помладите, ќе ги надополнуваат и збогатуваат културните содржини на Крушево, а во скорешна иднина, па и сега може да се потврди дека овој град, бележит град по многу нешта и специфичности, го носи името Град Музеј.

Скопското Кале, Скопје, Македонија

Предисториско Кале

Најстарите остатоци од човекова активност на Скопското Кале се дирекно врзани за археолошката здравица на просторот, која била формирана низ долги геолошки процеси, врз основата од седиментен песочник. Најпрво бил формиран дебел слој од речен нанос, поточно била создадена еден вид речна тераса од чакал. Со плавење, врз неа бил наталожен нанос од песочна глина од седиментната основа. Овој глинест слој, некаде црвен, некаде жолт, се јавува со дебелина на места повеке од еден метар. Токму во таа песоклива глина се откриваат вкопани различни објекти како остатоците од иницијалната - најстара населба од Бакарното Доба - Енеолитот или од 4 милениум пред Христа.
Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот во нив е вообичаен за таквите објекти и го сочинуваат бројни форми керамични садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечила од коска, камен и кремен. Нивниот интензитет, диспозиција и организација зборуваат за голема и економски јака населба, која го зафакала целиот простор на Калето и првите источни тераси.
На сите истражувани позиции каде беше стигнато до глинестата здравица, без исклучок се откриваа енеолитски наоди, секогаш во непосредна релација со здравицата. Најповеке и најцелосно сочувани вакви остатоци се откриени во Секторите 3А и 7 , или таму каде што имало помал интензитетот на користењето на просторот во помладите времиња.
Во слојот од жолта песочна глина во Секторот 7 беа откриени делови од 4 куки-полуземјенки. Слична е ситуацијата и во Секторот 3А-единствениот поширок и посоодветен простор за праисториски истражувања, кој не беше битно зафатен со подоцнежни градби. Таму беа откриени 2 последователни енеолитски фази. Во постарата фаза тој простор бил користен како култен дел од населбата или простор на кој биле задоволувани религиозните потреби на населението раното бакарно доба. Во кружно оградувани површини биле обавувани различни ритуано-религиозни активности со принесување жртвени дарови и нивно оставање, поточно собирање на остатоците од нив во еден вид култни јами, вертикално вкопани во глинестата здравица. Таквите објекти имале надземен дел од дрвена скелетна конструкција со набиени колци и долен, вертикално вкопан дел, во форма и со содржина на култни јами. Во следната фаза на истиот простор биле подигани куки со правоаголна до елипсовидна основа, поточни со под вкопан за 20-тина см во глинестата здравица. Надземениот дел со шаторска форма и кров на две води.
Низ следниот период на Бронзеното доба или во текот на ИИИ и ИИ милениум пред Христа, праисторискот живење продолжило, но на помал простор, ограничен главно во североисточните делови на Калето. Така, повеке бронзенодопски слоеви се откриени само во Секторот 7. Во нив се документирани, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено доба, делови од стамбени објекти од средното бронзено доба и една кука од доцното бронзено доба. Сите тие зборуваат за континуиран развиток на една локална култура во која се негувале општобалканските вредностите од т.н. подунавско-бакански културен комплекс. Сепак, кон крајот на бронзеното време евидентно е присуството на елементи од југ, (најповеке во керамиката) со што, како и целото Повардарјето, овој простор културно се свртува кон егејскиот југ.

Најмладата праисториска населба, онаа од Железното време (прва половина на првиот Милениум пред Христа) значела продолжување на животот, но сега концентриран на нова позиција, главно во југоисточните делови на Калето. Иако на многу мала површина откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куки на правоаголна основа градени со дрвена скелетна конструкција од колци и плет. Инвентарот во нив подразбира главно керамика, вообичаена за железнодопската култура во Повардарјето и Македонија.

Античко Кале

Поинтензивни остатоци од живење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени, но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на ИВ век пред Христа. Во времето на егзистирањето на познатите утврдени населби во Скопско (Градиште-Нерези, Жданец, Градиште-Бразда, Градиште-Бучинци, Исар-Студеничани, Кале-Варвара и други), на кои се откриени силни раноантички манифестации од пајонско-македонскиот културен круг, на Скопскот Кале се појавуваат остатоци од поедини култно - ритуални дејствија. Така, во Секторот 7 се откри култен простор-ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за ИВ век пред Христа во Скопско, и наод на бронзена монета на Александар III, настарата досега откриена монета на Калето.


Средновековно Кале

Следните населбински остатоци припагаат веке на Средновековниот град. Притоа, во сегашниот степен на истраженост останува отворена дилемата за можното поврзување на монументалниот т.н. киклопски бедем со крупните градежни активности во Скопско во времето на големиот цар Јустинијан или во VI век. Овој бедем, граден од големи камени блокови, од внатре залиени со цврст малтер и широки 2,80-4,20 м. претставува единствен пример на ваква ѕидарија на Балканот. Сепак, без натамошни истражувања на поедини поиндикативни позиции за решавање на тоа прашање, како што е на пример просторот на Источната тераса, ни останува само да го претпоставиме точното време на првото подигање на монументалниот бедем како и вистинската улога и значењето на Калето во Јустинијаново време.
На истражуваните позиции на Калето досега не се откриени населбински слоеви или поизразени културни појави од VI век. Сепак, поедини наоди на керамика или неколкуте монети оставаат простор за идни истражувања во тој правец и откривање многу повеке остатоци од евентуалната населба од Јустинијаново време.

Во секој случај, непрекинатиот и бурниот историски развиток како вистински градски центар или Средновековно Скопје започнува некаде кон крајот на 10 век или во Самоиулово време и трае до денес.
Тогаш, под Самуил, Скопското Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го оградуваат Горниот град, формирајки, по многу нешта единствен фортификационен систем, граден според највисоките тогашни критериуми и градежни техники. Откриените бројни монети од 10. и 11. век, погребувања веднаш од внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели, керамика и други ситни наоди од истото време зборуваат дека Калето во тоа време функционирало најверојатно како голем воен кастрон. Крепоста била стратешки поставена во центарот на самоиловата државата, од каде одржувала комуникации со Прилеп, Битола, Преспа, Охрид и другите градови на југот, со Призрен и јадранските градови на запад, со Белград и Видин на север и со Средец (Софија), на исток.
На истражуваните простори, во секторите 4 и 5, долж јужниот бедем откриени се остатоци од бројни дрвени градби со отпадни јами, огништа, печки и остатоци од металуршка активност. Најверојатно повекето од нив биле бараки за војниците, магацини, работилници - ковачници за изработка и поправка на оружје, сите во одредена комуникација со бедемот од внатрешната страна.
Од истиот град, во Секторот 5 беше откриен јужен влез во тврдината, со сите придружни елементи , кој ке биде користен и обновуван неколку пати во следните векови, како главен влез, и на подоцнежната средновековна и на ранотурската тврдина.
Во продолжение на влезната партија кон исток беа откриени остатоци од калдрмисана површина - пат , што водел долж внатрешноста на јужниот бедем до повисоките делови на теренот. Откриените камени црковни украси во тој дел на теренот, укажуваат дека некаде (во сеуште неистражените партии) во 10-11 век стоела најмалку една црква.
Сите остатоци од оваа условно кажано “самоилова” фаза се проследени со монетни наоди на т.н. анонимни фолиси, и на императорите Василиј II, Никифор III и Михаил VII, сите од 10 и 11 век, откривани најчесто во изворна положба.
Сето ова убаво го документира важното место и големо историско, економско и политичко значење на Скопската тврдина во времето на Цар Самоил и неговите следбеници.

Кон крајот на 11-тиот век (од 1081-88 и пак во 1097г.) Скопје го држат Норманите (Викинзите), кои предходно ја зазеле византиската Јужна Италија, од каде се шират на Балкан. Така, Генералот Пунтесиј со 200 оклопници ги зазел најпрво градовите во денешна Јужна Албанија и преку Охрид и Полог стигна во Скопје, кое го држеле од 1081 до 1088 година. Норманите биле познати како производители на многу квалитетно оружје од добар челик.
Од тоа време, кај југоисточната кула на Калето, во Секторот 10, откриени се делови од работилници и ковачници, со згури од железо и од хром, а пронајдени се и делови викиншки самострел. Тоа важело за страотно оружје во тогашна Европа, а го користеле само Викинзите, така што наодот од Скопската тврдина претставува најубавата потврда за присуството на Норманите во Скопје.

За време владеењето на династијата на Комнените, низ целиот 12 век, во Византиското царство владеел мир и благосостојба. Според наодите на камени делови од украси на иконостас, на Скопската Тврдина во тоа време биле подигнати најмалку 2 цркви. И другите наоди во слоевите на 12 и 13 век го илустрираат Скопје како вистински центар, економско средиште на широка балканска регија.
На Скопската Тврдина во голем броја се присутни монети на династијата на Комнените, Ангелите и Дука и тоа во сооднос што кореспондира со економските и политичките состојби во царството.
Во тоа време, на Калето живеат и работат повеке мајстори-металурзи чии работилници се откриваат распоредени долж градските бедеми. Исто толку, ако не и позначајна е дејноста на бројни грнчари. Покрај секојдневната кујнска и складишна керамика, нивен врвен производ биле луксузните трпезни садови украсени со сликање, со гравирање и глеѓосување. Некои од најдените чинии се вистински уметнички дела, а целата колекција на таква керамика е една од најбројните и највредни на Балканот. Сите тие производи биле извезувани на широкиот среднобалкански простор.

Според историските извори од 1204-1264 година, Византиската империја била по прв пат раздробена и поделена на повеќе мали држави. Околу Скопје војуваат: Бугарите, Србите, Епирците, феудалците од Просек и Солун, царевите од Никеја. Економскиот пад на империјата е одразен во квалитетот на парите и другите производи. Сепак животот во скопскиот Горен Град продолжил со несмален интензитет, при што е забележано дека и Долниот град бил укрепен со обѕидие.
Покрај присуството на пари од овие новосоздадени кнежевства, на Скопската Тврдина присутни се и монети на средновековната Бугарска држава со Иван ИИ Асен (1218-1241) и на Србија со Стефан Урош ИИ Милутин (1282-1321). Сепак, од сите новонастанати политички субјекти, најприсутни се монетите на династијата на Палеолозите, од кои Михаил ВИИИ (1259-1282) е најзастапен.

Историските податоци кажуваат дека од крајот на 13-тиот до крајот на 14 век Скопје го држеле Србите. На местото на византиските чиновници доаѓа српска администрација, а кралот Стефан Душан ја преместил престолнината од Призрен во Скопје, каде бил крунисан за цар и го издал познатиот Законик. Од пишаните извори исто така знаеме дека Горниот Град (Кале) во тоа време бил густо изграден и дека таму стоеле најмалку 4 цркви. Резултатите од нашите истражувања во голема мерка ја документира таквата слика.
Градските бедеми на Калето биле обновени, заградувале сосема нова урбанизација, при што градот бил незнатно проширен во северозападниот дел. Јужната влезна порта го користела стариот премин, но прагот и бил подигнат за околу 1 м повисоко, а од источната страна била доѕидана голема четвртеста кула како пандан на западната. Остатоци од пространи јавни градби, градени од камен или со камен и тули и техники карактеристични за тоа време се откриени на неколку од истражуваните позиции, во Секторите 1, 4, 5 и 10.
На највисокиот и најдоминантен дел од Калето, во југоисточниот дел на градот или во Секторот 3, откриена е црква со крстообразна внатрешност и со некропола околу неа. Мегу другото, од оваа црква се сочувани парчиња од фрески (со стилско-ликовни одлики од крајот на 13-14 век), потоа еден посребрен путир скриен во криптата северно од црквата и позлатена сребрена посуда украсена со алмандини, емајл и голем грчки натпис околу неа (најдена порано, во јужното подножје на црквата). Во гробовите околу црквата е најден бронзен и сребрен накит како и повеќе монети кои потекнуваат од 13 и 14. век, како и една секундарно употребена надгробната плоча на некој болјар Влатко, со старословенски натпис, датирана во 1281 година.
Во рамките на Скопската Тврдина, според пишаните изворите имало и други цркви. Со истражувањатата на просторот близу до јужниот градски ѕид, а недалеку од Јужната порта ископани се бројни парчиња од ѕидни фрески од друга црква, како и поедини наоди на крстови. На истиот простор (Сектор 9) најдени се и најголемиот број наоди на оловни печати-пломби што се заедно најавува постоење на одреден црковно административен центар, некаде во близината, во сеуште неистражените делови од теренот.

Од монетите од тоа време откриени се неколку примероци на Стефан Урош ИИ Милутин (1282-1321) и Стефан Душан (1331-1355). Времето пак на доцниот 14-ти и 15 век, како период на т.н. самостојните средновековни владетели во Македонија, присутен е со само една монета на кралот Волкашин (1365-1371).


Калето во турскиот период

Во 1391 година Јигит-бег го освоил Скопје. Бидејќи Скопјаните пружале силен отпор, Турците за казна го разурнале градот и делови од градските бедеми. По тие настани Калето добива нов карактер и служи како воена касарна.
Со истражувањата долж јужниот бедемски ѕид, откриено е обновување на круништето на средновековниот бедем, како и бројни темели од камени градби, магацини, работилници и бараки, најверојатно за потребите на турскиот воен одред.
По разурнување на Јужната порта, истата била целосно реконструирана за новите воени потреби. Двете странични кули се проширени во основа и надѕидани во горните партии, а просторот помеѓу нив затворен со нов ѕид. Бил поставен нов премин, напола стеснет со праг издигнат за околу 2,50 м повисоко од предходниот. Поради силниот рушевински слој и насипување одвнатре, должбедемската улица (via sagularis) се преградува со подѕиди, а се отвара нова главна влезна улица која води право нагоре, кон повисоките партии, денес во неистражениот дел на теренот.
Инвентарот во откриените градби од тоа време документираат вообичаени активности за тврдина со таков карактер.
Границата на Турската империја набргу се поместува далеку на север и Скопската Тврдина го губи воено-стратешкото значење, освен како касарнски простор за мала воена посада.
Од тоа време, во североисточниот дел на тврдината откриени се бројни јами од кои се вадела глина, а потоа служеле како отпадни јами засипувани со отпадот и чкартот од околините занатски работилници. Во нив се откриваат разни ситни предмети за домашна употреба, животински коски, искршени железни алатки, згура од топење метали, свеќници, а најповеке парчиња од искршени, недопечени или грешно изработени грнци, чинии, стомни, и други садови, како и печници-украсни глазирани плочки со кои биле ѕидани камините.
Султанот Бајазит I (1389-1402) и Мехмед II (1444-1481) се првите турски владетели потврдени со нумизматички докази. Но, низ следните векови од турската доминација силно изразен е недостигот на монетна циркулација на Скопската тврдина. Очигледно таа немала намала некое поизразено економско, трговско или комерцијално значење.

Во есента 1689 г. австриска војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај испратен до царот во Виена стои дека Скопската тврдината бела полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб одбрамбен ров (од исток). Доволни биле 400 коњаници за во еден јуриш да ја освојат тврдината. Овој извештај е сосема спротивен од распеаниот опис што го оставил Евлија Челеби од истото тоа време.
Археолошките наоди, откриени со нашите истражувања го потврдуваат извештајот на Пиколомини.

Еден натпис што стои вѕидан во источниот бедем, датиран во 1700 година зборува за голема обнова на Калето. Со истражувањата заклучивме дека тои и се случило. Мегу другото како најкрупен зафат било градењето на големиот надворешен обѕид. Пред челниот источен и јужен ѕид ѕид целосно бил изграден новиот обѕид или предѕид со нови монументални кули и пушкарници. Изведен бил влез на западниот крај на обѕидот кон реката Вардар, како и нов главен пристап во Тврдината, преку монументална рампа и капија, низ која се влегувало од Подградието-Чаршијата низ стариот источен бедемски ѕид. Старата Јужна Порта го изгубила дотогашното значење.
Археолошките наоди документираат сеуште војнички карактер на Тврдината. Близу југоисточната кула се откриени остатоци од ковачници и крај нив делови од стари пушки, спремни за топење и прековување. Многу делови веќе беа наполу стопени. Чести наоди од тоа време се бројните керамични лулиња.


Калето во ХХ век

На крајот од I светска војна, во 1917-18 година, на Калето бил сместен штабот на Австриската војска. Траги од тој престој се откриваат во најгорните слоеви на Калето во форма на оружје и други ситни предмети од војнички карактер.
По формирањето на Југославија, во време од 1921-30 г. на Калето беа изградени 10-ина масивни воени градби: генералштаб, касарни, магацини и др. Тие таму стоеле до 1951 година кога војската била повлечена од Калето, а во градбите се вселиле Археолошкиот и Историскиот музеј. Во земјотресот од 1963 година сите овие градби биле срушени, формирајки рушевински слој, со дебелина на места од неколку метра.
Со нашите ископувања ги наоѓавме темелите и подрумските делови на тие градби. Некои од нив ги сочувавме како сведоци за најмладата фаза на живот на Скопската Тврдина, пред катастрофаниот земјотресот 1963 година.

Кежовица, Штип, Македонија


Кежовица

Од Википедија, слободна енциклопедија

На десниот брег на река Брегалница, на околу 2км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село, кое е споено со овој град, на меѓусебна оддалеченост од околу 300м се наоѓаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи, кои лежат на ист расед. Локалитетот на овие термоминерални појави, е расположен помеѓу ридовите „Исарот“ и „Кумлако“ од левата, и „Мерите“ од дессната страна на р. Брегалница. Пред 25 години, на Кежовица постоела стара каптажа, чија термоминерална вода се користела исклучиво за лековити цели. Денес на ова место постои нова бања, со уредени купатила и базени, како и центар за рехабилитација. Инаку, Кежовица како бања е позната уште од турско време, кога таа се користела за здравствени цели и лична хигиенана жителите. Пишувани податоци за постанокот на бањата постојат, но се претпоставува дека истата била изградена од страна на Турците на крајот на XVII век и тоа во примитивна зграда со базен. Термоминералните води во околината на Штип се јавуваат во горнојурски гранити, и тоа бањата Кежовица во непосредна близина на главниот расед, во контактот на гранити и горноеоценски флишни седименти, додека изворите Л’џи се наоѓаат во самите гранити. Треба да се наомене, дека водата во изворите Л’џи не е константна, туку е во зависност од речната вода на Брегалница. Главниот извор Л’џи има издашност која варира од 1-1,5 литри во сек., а температурата на водата варира од 50-62оС. Карактеристично е, дека со зголемувањето на нивото на р. Брегалница, покрај капацитетот на термоминералната вода на изворот Л’џи, се зголемува и температурата на оваа вода. Температурата на главниот извор на бањата Кежовица, е 57оС, а издашноста 7 литри/сек. Бањата Кежовица, според својата радиоактивност, спаѓа во ред на најрадиоактивните термоминерални води, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Инаку, подземјето на околината на Штип обилува со големи термоминерални води, а водата покрај за лековити цели како и за рекреативни, може да се користи и за топлификација и за енергетски цели, како и перспективно за електрификација.

Лесновски Манастир, Пробиштип, Македонија

Лесновски манастир

Од Википедија, слободна енциклопедија



Лесновски манастир — Во село Лесново, Пробиштипско. Црквата е посветена на Свети Архангел Михаил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога тој се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвизнишкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за Гаврил.

Легенда

Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За Гаврил Лесновски постојат повѓе житија, првото е сосема кратко и е напишано во 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил.

Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители - Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.

Историја

За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот Станислав препишал во манастирот пролог, каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во Белград. Во 1341 година деспотот Јован Оливер го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во Скопје, 1347 година од страна на Стефан Душан бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната Злетовска епископија, што ја заменила Мородвиската. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.

Во 1381 година повторно бил приложен на манастирот Хилендар. Во 1558 година, при игуменот Неофит, манастирот бил поправен, а во 1581 при игуменот Спиридон, го препокрил кратовскиот болјарин Никола Бојчиќ. Благодарение на жителите на Кратовско и кривопаланечко, манастирот успеал да дотрае низ целиот среден век, па се до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на 17 век запустел, но во 1805 го обновил еромохајот Теодосиј. Во 1814, од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите книжевни центри во Македонија. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата библиотека. Познати се збирките во: Белград, Софија, Пловдив.

Досега славистиката идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: Прологот од 1330 година, Минејот од 1342 година, Паранејсот од 1353 година итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. На прв план тоа е Станислав - првиот книжевник од Лесновскиот книжевен центар и оснивач на калиграфската школа; Партенија, негов ученик, псевдонимниот книжевник Тахота, Калиник, Драјко, Радоња, Силвестер, поп Лазар од Кратово, поп Никола итн. Неговото прераснување во книжевен центар се поврзува со фактот што поседувал економски богат статус. Под негова прбижна потчинетост биле многу цркви и манастири, како и села. Да се спомене дека истиот бил и засолниште за на голем број револуционери и ослободителни групи, што се бореле за слобода на Македонскиот народ.

Значење

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско-сликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Св. Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух се појавува во одредени периоди од годината. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библија.

Најмасовно е за време на празниците на манастирот 21 септември и 28 Јануари, кога доаѓаат голем број на посетители и гости.

Манастир Св. Јован Бигорски, Дебар, Македонија


Манастирот Свети Јован Бигорски

На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри се издига манастирот Свети Јован Бигорски. Положен е во впечатливите бигорови карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра.

Овој неверојатно волшебен предел ги обединува манастирската мистика и човечката идеалност во еден свет кој ги надминува границите на рационалното спознание.

Манастирскиот комплекс го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Црквата, најверојатно е настаната врз темелите на некоја постара базилика од XI век, поточно од 1021 година. За тоа се зборува во Зографскиот поменик. Постои голема веројатност, иконата на свети Јован Претеча да била насликана годината кога била подигната и живописана старата црква.

Манастирот, по се изгледа дека претрпел големи оштетувања и разорувања во времето на турското ропство. Денешниот изглед тој го добил во XIX век, кога воедно бил изведен и новиот живопис.

Новата црква е огромна, засводена е со високо издигната купола. Во нејзин состав има камбанарија. Изградена е од обработени блокови од бигор и покриена е со ќерамиди. Нејзината богата внатрешност ја сочинуваат фреските, иконите со иконостасот и нејзиниот дрвен инвентар во кој спаѓаат певниците, столовите, владичкиот трон, амвонот и др. Поголемиот дел од фрескописот, што се наоѓа во големата полукалота на куполата, е дело на познатиот фрескописец Дичо Зограф, којшто е автор на голем број фрески и икони во црквите ширум Македонија. Останатите фрески во помалата полукалота на куполата се настанати од раката на некој малку послаб зограф.

Во тремот на црквата, од левиот и десниот крај, во три зони се распоредени фрески што датираат од XIX век. Во првата зона се предадени фигури на Светци-испосници, додека пак втората зона ја исполнуваат сцени од животот на првите библиски луѓе, Адам и Ева и композицијата “Страшниот суд”.

Споменатиот иконостас на црквата “Свети Јован Бигорски” е еден од најубавите во нашата земја. Изработен е во ситна дрвена резба, и заедно со оној во црквата “Свети Спас” во Скопје, претставува извонредно уметничко остварување на афирмираните копаничарски мајстори Петре Филиповски-Гарката, неговиот брат Марко и Макариј Фрчковски. Тие не пропуштиле да ги претстават во резба своите ликови преку сцената на мајсторот во размислување и неговите содејци како делкаат. Оваа сцена е присутна на иконостасите во обете цркви во кои работеле овие мајстори.

Дрвениот иконостас е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршуваат со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални раздели во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови и гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони – празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на св. Јован и св. Богородица. Интересна е претставата на танчерката Салома која е облечена во мијачка народна носија.

Манастирскиот амбиент го надополнуваат старите конаци со дрвените пространи чардаци и трпезаријата исполнета со автентичен инвентар од времето на изградбата. Годините се кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Посебните гостински конаци нудат можност на секој од посетителите, под одредени услови, да остане подолго време и да ужива во прекрасните изгрејсонца на овој божествен предел.

Кокино, Македонија


Кокино (локалитет)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во атарот на Општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 км оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татичев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино.

Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год., а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово, предводени од археологот Јовица Станковски. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место.

Првите четири опсерватории според НАСА се:

  1. Абу Симбел - Египет
  2. Стоунхенџ - Велика Британија
  3. Ангкор Ват - Камбоџа
  4. Кокино - Република Македонија