Showing posts with label Планини во Република Македонија. Show all posts
Showing posts with label Планини во Република Македонија. Show all posts

Thursday, January 8, 2009

Планини во Република Македонија

Осоговски Планини

Осогово е планина помеѓу југозападна Бугарија и североисточна Македонија. Планината е долга 110 км и околу 50 км широка. Нјвисокиот врв е Руен на 2251 м надморска височина. Осогово е најсеверна и најголема планина од групата на Осоговско-Беласичките планини.
Градови блиску до неа се Кочани и Крива Паланка. На неа се наогаат разни метални руди. Туризмот е развиен во текот на целата година. На Осогово има доста букова шума и многу е богата со лековити билки. Од животни има доста диви свињи и зајаци. На 2000 метри надморска височина се наоѓа и доста познатата Ајдучка Чешма.

Ниџе

Ниџе се наоѓа во југозападна Македонија, преку него поминува границата со Грција. Планината е познато по скоро не допрената природа, богати шуми со борови, чисти реки и пасишта на над 2000 метри надморска височина. Во геолошкиот состав слична е со Јакупица и Баба. Највисок врв е Кајмакчалан (2521 метар). На него се наоѓа мала црква и гробница на српски вијници кој што загинале за време на Првата Светска Војна. Битола е најблизок град до Ниџе.

Беласица

Беласица е долга околу 60 км и широка помеѓу 7 и 9 км. Се наоѓа североисточно од Дојранското Езеро. Највисоки врвови се Калабак кој се наоѓа на 2029 метри надморска висина и Поле на 1888 метри надморска височина. Климата во овој регион е претежно медитеранска. На Беласица се наогаат познатите Смоларски водопади. Беласица во 2003 постана еврорегион. најблизок град до неа е Струмица.

Јабланица

Јабланица се наоѓа 14 км северозападно од Охридското Езеро на границата со Албанија. Највисок врв е Црн Камен на 2257 м надморска височина. Во северниот дел на долината Лаквица, левата притока на реката Црн Дрим ја одвојува Јабланица од планината Радуч. Во јужниот дел се наоѓа Ќафа-Сан. До Јабланица може да се стигне преку селото Вевчани кое се наоѓа во подножјето на планината.

Плачковица

Плачковица се издига помеѓу струмичко-радовишката котлина на југ и кочанската котлина на север. Таа е поделена на два дела, источни и западни. Западниот дел е понизок, а највисок врв на него е Туртел на 1689 метри надморска височина. На источниот дел се наоѓа највисокиот врв на оваа планина, Лисец на 1754 метри надморска височина. Лисец е популарен помеѓу локалните планинари. Не е необично на Лисец да има снег и во јуни. Под врвот се наоѓаат планинарските домови Вртешка и Џумаја.

Бабуна

Бабуна се наоѓа североисточно од Прилеп, помеѓу северниот дел на Пелагонија и велешката клисура. Највисок врв е Козјак на 1748 метри надморска височина. Бабуна се вбројува во средно високи планини. Таа има длабоки долини па затоа има карактеристични врвови. Бабуна има добри пасишта, па затоа овде е развиено овчарството. Богата е и со рудно богатство (олово). Во нејзиното подножје поминува патот Прилеп-Велес.

Дешат

Дешат се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Албанија. Највисок врв е Веливар на 2375 метри надморска височина. Други врвови кој се издвојуваат се Мали, Сува Бара и др. На неа се наогаат неколку мали глацијални езера. Дешат е прекриен со шуми. Најблизок град до неа е Дебар. Во источното подножје во долината на реката Радика поминува патот Скопје-Дебар.

Стогово

Стогово се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Највисоки врвови се Голем Рид на 2278 метри надморска височина и Бабин Срп на 2242 метри надморска височина. Овде природата е скоро недопрена поради тоа што во близина нема население, а и не се посетува често од планинарите.

Автор:
Бобан Даскалов