Showing posts with label МАРКОВИ КУЛИ. Show all posts
Showing posts with label МАРКОВИ КУЛИ. Show all posts

Monday, January 5, 2009

МАРКОВИ КУЛИ

Локалитетот се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот (кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години. Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади во северниот дел се сврзани со највисоките врвови: Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м). Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини. Природните структури на карпите, потекнуваат од времето на консолидација на магмата која ладејќи се, лачела свероидни и паралелопипедни блокови.

Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1227095