Monday, January 5, 2009
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО
Дојранското Езеро е најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (27,3 км2) n припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км2) на Грција. Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 метри. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.
Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1224936
Национален парк ПЕЛИСТЕР
Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 м). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав. Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како “Горски Очи”. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петоигличест бор со терциерна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри. НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влечуги, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемична поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).
Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211796
Национален парк ГАЛИЧИЦА
Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и глацијални релјефни форми). Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото флористичко богатство. Тука допираат ареалите на голем број видови растенија, претставници на различни флорни елементи, од коишто некои овде ја достигнуваат северната, односно јужната граница на своето распространување, или пак источната или западната граница. Наоѓалиштата за некои од растителните видови на Галичица се единствени за територијата на Република Македонија. На територијата на паркот се застапени 37 растителни заедници, од кои 20 се шумски. Националниот парк Галичица претставува класично наоѓалиште за 20 видови виши растенија (Cormophytae) од коишто 12 видови се познати само за планината Галичица и за крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро и претставуваат локални ендеми. Од фаунистички аспект, на подрачјето на националниот парк Галичица регистрирани се 26 ендемични видови. Посебно е интересна бројноста на пеперудите - 1644 видови, што претставува огромна концентарција за толку мал простор. Според бројната застапеност на 30 видови водоземци и влечуги, Националниот парк Галичица е приближно на исто ниво каква што е застапеноста на херпетофауната на целата територија кај некои од средноевропските земји (Германија, Швајцарија, Австрија и др.). Класата птици на Галичица е застапена со 266 видови, што претставува 84% од вкупната Македонска орнитофауна, додека пак бројноста на цицачите - 51 вид, претставува 62% од вкупната фауна на цицачи во Македонија.
Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211791
Нaционален парк МАВРОВО
НП Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е во 1948 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, глацијални езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Како резултат на големата издиференцираност на релјефот, националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемични, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, суриот (златен) орел, шумскиот буф, големиот буф, ливадската еја, степската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се: мечката, рисот, дивокозата и дивата мачка.
Превземено од
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211795
Sunday, January 4, 2009
Манастирот Св. Богородица - Вељуса
Манастирот Св. Богородица - Вељуса е изграден во средниот век, во византискиот период, на оддалеченост од 7 км западно од Струмица во с. Вељуса се наоѓа манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса), посветена на празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември стар и 4 декември нов стил). Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја не само во југоисточниот дел на Македонија, туку пошироко на Балканот.
Според сочуваните записи на двата архитрава кои биле однесени од бугарските власти за време на Првата Светска војна во Софискиот археолошки музеј, црквата ја подигнал на северните падини на планината Еленица на бигореста карпа монахот, а подоцна струмички епископ Мануил во 1080 год. кој дошол од Халкедонскиот манастир Св. Авксентиј од малоазијската област Витинија во Вељуса. Од споменатите извори дознаваме дека манастирот Св. Богородица Милостива (Елеуса) е изградена над некогашното село Палеокастро во Темата Струмица по кој и селото го добило денешното име.
Манастирот се споменува и во Грамотите на византискиот император Алексиј I Комнен 1085 год., во една од годините на 1091 или 1094 година оваа манастирка црква била лично посетена од византискиот император Алексеј I Комнен, кој за нејзините убавини изразил силен восхит во пишаните извори. Се споменува во Типикот за манастирот составен од основачот Мануил меѓу 1085-1100 год., неколку документи од византискиот император Мануил I Комнен со Практикот од 1152 год. и две Грамоти од Српскиот цар Стефан Душан од 1346 година дадени на Иверонскиот манастир. Со своето архитектонско обликување изворно сочувано до денес, таа ги презентира високите дострели на византиската сакрална архитектура и уметност на македонската територија во средниот век. По своето архитектонско решение црквата е единствена градба во Македонија од XI век. Однатре е крстообразна куполна градба од стеснат тип цркви. Сите три основни делови на црквата: наосот со олтарот, нартексот и јужната капела Св. Спас се надвишени со различни по димензија и височина куполи со полигонални тамбури украсени со керамопластична декорација и полихромно оживување на фасадите. Со фреско украсна изведба е на јужната фасада на црквата, во нејзиниот горен централен дел е сместена мала богато профилирана розета со запчест венец, а подолу меѓу бифората е раскошна двочленска плетеница со претстава на орнаментиран украс во форма на крст. Уметничките сликарски изрази се реализирани во фреско - техника, мозаик и вајарските во плиток релјеф на мермерните делови на иконостасот.
Живописувањето на црквата е изведено во три временски периоди и тоа: во олтарот, подкуполниот простор во наосот и ѕидовите, конхите, и капелата, 1085 год. во тремот од 1164 год. и во наосот од 19 век, со доста локални сликарски призвуци.
Фреско - ансамблот во црквата е со иконографски симболични содржини и претстави преземени од Стариот и Новиот завет: Литургиска служба на светите Архиереи со Хетимазијата (Христово жртвување) и Богородица со Исус Христос седната на трон во олтарниот простор. Во централниот куполен простор е насликан Исус Христос Вседржител, додека под него на ѕидовите од тамбурот се претставите: Пресвета Богородица Ширшаја, Св. Јован Крстител, двајца архангели, четворица пророци (езекиј, Авакум, Еремија и Давид). Во северната конха е Слегнувањето на Исус Христос во пеколот и Сретение Господне е во јужната конха. Во јужната капела Св. Спас во куполниот простор претставен е Исус Христос Емануил, на источниот ѕид Исус Христос во слава и портретот на Св. Пантелејмон на западниот ѕид.
На јужната фасада под тремот е композицијата Св. Онуфриј во пустина посетен од монахот Св. Панфнутиј и стилизиран вегитабилен мотив. Во стилско - ликовен поглед оваа сцена и мотивот се блиски на фреските во Нерези насликани во 1164 година.
Во наосот на црквата зачувана е и олтарната преграда, изведена во мермер со стилизирани растителни и геометриски мотиви изведени во плиток релјеф.
Во подниот мозаик застапени се геометриски мотиви и ги пратат основите на конхите во централниот дел од наосот, натрексот и јужната капела.
Изградбата на Вељушкиот храм е карактеристична и по многу претенциозните желби на основачот: не со димензиите, туку пред се со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби да ги надмине сите постојни уметнички остварувања на црквите во струмичката средина.
Текстот е превземен од
Од Википедија, слободна енциклопедија
Thursday, January 1, 2009
Факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле
| Напишано од 365.com.mk | |
| 22.12.2008. | |
| Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец. 2. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости. 3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!) 4. Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА” 5. Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“. 6. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско. 7. Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“ живеел во Скопје, имал жена и деца, а починал во 1942. 8. За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот. 9. Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век. 10. Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски - 9 век. 11. Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј. 12. Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. Bо Битола тие отвараат ново “Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја во 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција. 13. Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, а покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина. 14. Прва зоолошка на Балканот е изградена во Скопје. 15. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро!). 16. Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица меѓу кои и Стојко. 17. Според НАСА, Кокино е четврта на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain и Angkor Wat Cambodia. Помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години, која е посовремена од Кокино. 18. Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, од кои најстарото во Европа - Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години, во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност. 19. Во Македонија се годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво. 20. Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век. 21. Првата жена покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала црвени ткаенини. Токму црвената боја станала сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и востаничките знамиња. 22. Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско(препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и книги создавани тука на автохтоното македонско подрачје. 23. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок. 24. Првите карпести гравири се создадени во Македонија пред 32 мил. години. Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја. Преземено од www.365.com.mk |
Манастирот Свети Наум
Манастирот Свети Наум
Од неа, по завршувањето на Втората светска војна, при археолошките истражувања, пронајдени се само темелите и дел од ѕидовите. Црквата не се знае кога е разрушена, но се претпоставува дека тоа е направено пред доаѓањето на Турците.
Во црквата не се зачувани фрески од времето на Свети Наум, ниту пак со истражувањата што се направени е потврдено дека постоело сликарство на почетокот на X век.
Иконостасот во црквата е работен во резба во 1711 година. Авторите на резбата не се познати. Тие биле под влијание на резбарските традиции од Света Гора и направиле навистина исклучително уметничко остварување. Истата година зографот Константин работел на иконите - престолните и празничните, меѓу кои посебно се истакнуваат "Распетието Христово" и "Влегувањето во Ерусалим". Иконите од иконостасот се смета дека се меѓу најдобрите остварувања од првата половина на XVIII век.
На столбовите во припратата на црквата се наоѓаат две кирилски и еден глаголско-кирилски натпис, од крајот на X до XII век. Тие се сведоштво за најстарите словенски писма ( глаголицата и кирилицата ) во Охрид. |