Monday, January 19, 2009
Храм на Изида (Охрид)
Во мај 1967 год. при изградба на станбена зграда, овој археолошки локалитет го откриле стручњаци од Охридскиот завод и музеј. Меѓутоа, поради специфичноста на просторот на кој има повеќе станбени објекти, а најмногу поради недостиг од средства, не се продолжило со пообемни истражувања. Најголеми археолошки зафати, биле извршени во северозападниот дел од локацијата - крајниот северен темел на зградата. Бил откриен дел од градбата, кој се состоел од две простории. Најинтересно е што на овој простор биле пронајдени и две статуи на египетската божица Изида. Тие сега се чуваат во витрините на куќата на Робевци и претставуваат особено атрактивни експонати. Просторот под зградата каде што е откриен овој локалитет е заштитен со посебна метода.е претпоставува дека оваа градба, посветена на божицата Изида, датира од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство, некои верувања од стариот Египет. Така се случило и култот кон божицата Изида, да биде пренесен кај нас. Меѓутоа, треба да се напомене дека е ова античка градба. Што се однесува до Изида, таа била божица на плодноста, на патувањата. Изида е египетска божица, а храмови посветени токму на неа има низ цела Македонија. Некои охридски археолози велат дека можат да се добијат нови сознанија за оваа градба само доколку продолжат испитувањата на просторот во централното градско подрачје во Охрид. Тие претпоставуваат дека ќе се пронајдат и деловите од статуите на Изида, што недостигаат сега.
Куќа на Робевци во Охрид
Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.
Тодор Петков од с. Гари, Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година.
Куќата е заштитен споменик на културата и ја сочинуваат три ката, плус најгорниот кат т.н. "ширван". Во долниот дел се наоѓаат изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, како и вредните експонати: "Миљоказ" (пронајден на патот Виа Игнација), двете торза на божицата Изида и др. Археолошките експонати датирани од праисторијата до средновековниот период се изложени и на вториот и третиот кат.
Во ширванот од куќата, која плени со својата надворешност, но и внатрешност, се презентирани примероци на предмети изработени во "охридска резба", дела на познати мајстори од градот и околината. Во источниот дел од катот може да се види и етнолошката поставка на предмети од покуќнината на семејството Робевци (ковчези, родослов, зачувана фреска од Дичо Зограф од 1862 година, лекарската торба на Константин Робев и др.).
Историја на куќата
Името на познатото Охридско семејство Робевци за прв пат се споменува во 1379 година на една надгробна плоча пишувана со црковно словенско писмо во дворното место на Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент). Градењето на првобитната куќа на Робевци било завршено на 15 април 1827 година, а за тоа зборува натписот со грчко писмо на една мермерна плоча која се наоѓа вградена во магазата (магацинот) на дворното место. Ова познато охридско трговско семејство во куќата живеело 35 години, поточно до 1861-1862 година, кога познатиот злосторник од Охрид, Устреф бег ја запалил до темел.
Две години подоцна, во 1863 - 1864 година била изградена денешната куќа и тоа во левата половина живеел Константин Робе, а во десната неговиот брат Атанас Робе. Како главен градител бил ангажиран Тодор Петков (1814 - 1899) од с. Гари, кој потекнувал од познатиот копаничарско - резбарски род Огненовци. Под негово раководство бил изработен и внатрешниот ентериер - таваните, долапите и другите украсни елементи кои биле направени од резба. Во вака изградената куќа семејството Робевци живеело се до 1900 година кога се преселиле во Битола, а во Охрид доаѓале само во летните месеци.
Од 1913 до 1919 година во време на Балканската и Првата светска војна во оваа куќа биле сместени српски војници, а по нивното заминување куќата била значително оштетена, а дел од резбите биле однесени во Ниш, Србија. По Втората светска војна, во 1945 година, куќата е заштитена како културно историски споменик.
Во 1950 година во неа е сместен Народниот музеј, а во 1953 година зградата е национализирана и предадена на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид на трајно користење. Последната реконструкција на оваа велелепна зграда е извршена во 1990. година, а таа е повторно отворена како музеј, и тоа еден дел со презентација на археолошкото богатство, еден дел како спомен кат за семејството Робевци, а најгорниот кат - ширванот добил функција на охридска резиденција.
Традиција - Штип
8ми ноември е Празник на градот.
Секоја година 8.ноември се обележува со мноштво манифестации, традиционална ноќна трка, изложба на ДЛУШ, книжевни вечери, свечена седница на Советот и сл.
Долгата традизија на празнување на митровден веројатно била прилина на овој величествен ден за штипјани место едниницата на НОВ да влезат и во 1944 година да го ослобат од последниот окупатор кој влегол во Штип, На тој начина вековната традиција и бележитите настани од најновата историја во градот се слеале во едно.
Коледе
Стар пагански обичај со долга традиција прифатен и од христијанството.Редовно во сите маала се палат огнови ококу кој се игра пее и благословува.Целата церемонија е проследена со фолкорни елементи.
22 март Свети 40 маченици
Редок обичај кој е карактеристичен за Штип гледано во пошироки рамки поврзан со христијанскиот празник свети 40 маченици, но и со постари пагански верувања поврзани со брдото Исар.На 22 Март иладници луге од утре до мрак се искачуваат на Исарот од каде којн реката Брегалница секој за себе фрла по 40 каменчиња и секој се ракува со 39 луге ,а 40 треба да го бакне.
Богојавление - Водици
традиционално се врши осветување на водите на реката Брегалница и фрлање на светиот крст.Целата манифестација е пропратена со пригодна цркаовна церемонија со која чиноначелствува митрополитот Брегалнички.
Туристички потенцијал на Штип
На 18 километри источно од Штип во месноста Горен Козјак во подножјето на планината Плачковица е лоциран доцноантичкиот - ранохристијанскиот град Баргала.Во периодот од 4 до 6 век градот израснал во силен црковен и културен и економски центар на просторот по средниот тека на реката брегланица и преставува едне од најзначајните ранохирстијански епископски градови во Република Македонија.Доцноантичката термо бања со својата добра сочуваност представува архитектонски бисер на градот. Објектот во целина представува архитектонски склоп на неколку поединечни простории мегусебно функционално поврзани секои од нив со посебна намена : аподитериум (соблекувална), фригидариум (ладна бања), тепидариум (бања со млака вода), лаконикум (просторија заиспотување сауна) и калдариум (топла бања). Според евиденција која се вклопува со историските извори кој крајот на 6 и почетоко на 7 век, градот страда при аварот-словенската инвазија на балканот.
Епископската базилка е трикорабна со нартекс, егзонартекс и бабтистериум - крастилница.
Северниот кораб на базиликата е познат полихромен мозаик со представа на геометриски орнаменти, а во средината издолжен крст. Објектот изобилува со богата архитектонско - декоративна и склуптурна мермерна пласита : капители, колони (столбови), архитравни греди, парапетни плочи, менои и така натаму. Сакралните и другите објекти на градот се делумно или целосно разсурнати. во градот покасно никнува една од најначајните средно вековни населби. Показател затоа е раносредновекновната црква св.Ѓорѓи.
Кежовица
Лековитоста на водата од изворите на оваа бања е позната по широко и истата се сврстува во групата на најкорисните за цовековото здравје во светот.Хемиската анализа потврдува дека темпертурата на водата константни 58 степени целзјусови, водата изобилува со : натриум, калциум, калиум, магнезиум, хлор, сулфат и хиднокарбонантрни и колоидно растворени : силициум оксид, алуминиум оксид , железен оксид. Водата лекува : дијабет, гихт. бронхид, траехид бронхиална асма, ринит, хориничен екцем псоријазис,уртикарии, хипфункција на половите жлезди, хипоплазис утерии, анексити, офорити, баротинити, стерилитет, и ареосклеороза.
водите на бајанта кежовица спагаат во групата на јувенилни води.
Бањата располага ос споствен капацитет од 110 легла во оделенијата за физикална медицина и рехабилитација и комплетен терапевцки дел за балнеотерапија, електро терапија, кинезотерпаија. електодијагностика.
Струмички карневал
Kарневалот во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година . Тој минувајќи низ Струмица запишал : ...Дојдов во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица .
Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските , носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ) , како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови , желбата за здравје , плодност итн.)и кои се карактеристични само за неговата иницијална односно изворна , паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска , која што сеуште ја паметат најстарите струмичани , бидејки карневалот од кои и да е причини , кои се сеуште во сверата на претпоставки , се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните , а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот , кои ги симболизираат младенците односно верените , потоа циган и циганка со бебе , со значење како циганите имаат по многу деца , така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со , со опашка од вол или некое друго животно , со вила во рацете , кого сите го бркаат , а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно , со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.
Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи , песните исполнети со еротски мотиви , содржини и зборови , препознавањето на момчето по големиот фалус , направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка , односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот.
Тука се и музичките реквизити , односно музичките инструменти , гитарата , армониката , дајрето , кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи , на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение .
Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија , односно една посовремена , модерна димензија , со некои влијаниа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер , добива една друга посовремена конотација , меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува .
Преку шаренилото од бои , фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото , реализмот и сарказмот , иронијата , сатирата и традицијата , полтронството и кариеризмот , власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани , кои се исто познати и како големи љубовџии , а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат , односно се вклучени сите структури , социјална , старосна и полова структура на учесниците . Маските се по избор на самите учесници . Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање , додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група.Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски . Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци , па и повеќе пред самиот карневал . Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски . Во овие денови целиот град живее со и за карневалот . Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот , како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката , па и од странство , кои ја гледаат оваа многу атрактивна и прекрасна традиција Така бројот на учесниците во карневалот , како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува .
Како што споменавм порано , времето на одржување на карневалот е во рамките на тримерските денови , односно на почетокот на големиот Велигденски пост .
Тримерите по своето првобитно значење и форма се еден мошне стар христијански обичај , кој води потекло од многу одамна т.е од почетокот на христијанската вера . Самото име потекнува од грчките зборови tris meres во превод – три дена и е со значење тридневен пост . Тие се сместени во првата недела од Велигденскиот пост , наречена првопосна или Тодорова недела и претставуваат една построга односно најстара форма на постење , бидејки за овие три дена додека е пости , оние што почнале да постат не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат . Тримерите се всушност , почеток на големиот Велигденски пост , кој трае седум , односно со таканаречената сирна недела осум седмици . Тие почнуваат од Поклади односно Прочка , која секогаш паѓа в недела и траат до среда , што значи дека го менуваат датумот во зависност од тоа кога паѓа Велигден , но остануваат истите денови понеделник , вторник и среда .Најчесто овие пости ги постеле верените , армасаните девојки и девојки пред мажење или немажените девојки , момите. Обично по повеќе девојки се собирале да постат заедно во куќата на армасаната . Најчесто тоа биле другарки на таа верена девојка или девојки поканети од машката страна , кои тука заедно спијат и престојуваат додека трае постот. Останатите членови од фамилијата или гости кои доаѓаат во куќата каде што тие престојуваат строго избегнувале пред тримерџиките да пијат вода или да јадат , па дури и да зборуваат за јадење и пиење , бидејки го сметале тоа за голем грев .Исто така било грев некоја која почнала да пости да се откаже и почне да си апнува како што вели народот . Обичај било некоја девојка која ќе започне да тримерува , да тримерува три до пет години по ред .
Тие што ги издржале тримерите одат в среда рано изутрина во црква за да примат од попот ајазмо односно крстена вода од Водици и нафора .По земањето на ајазмото тие веќе можеле да пијат и да јадат секакви јадења , но пак посни и тој ден тие се поштедени од секаква работа. На армасаните девојки кои го издржале постот , свакрвите како еден вид понуда , награда за тој голем успех им донесувале синии со разни посни јадења , обичај кој знаеме и ден денес се одржува .Денес веќе овој тримерски пост многу ретко се пости .
Тримерите ја изгубиле својата првобитна односно изворна форма и значење, но тие како обичај во Струмица се уште се одржуваат и егзистираат со сите церемонии кои го придружуваат тој обичај . Целиот тој тримерски церемонијал или уште како што уште се нарекува празник на армасаните се одвива во куќата на невестата , во среда и тој ден го прославуваат исклучиво жени , кои одат на ручек кај верената . Гостите што ги кани свакрвата одат групно , односно се собираат прво кај свакрвата и од тука сите одат на ручек кај снаата . Секој што оди на ручек носи и подарок на невестата . На ручекот обично се собираат педесетина жени, но некаде таа бојка може да биде 150 па дури и 200 жени, бидејки од порано само свекрвата носела гости , додека денес и мајката на верената носи свои гости .
Ручекот е некаде по 12 часот и за таа пригода се готват специјално посни јадења и тоа , сарма од кисела зелка без месо со ореви , посен бел грав , варена пченка со ореви , а како десерт се служи зерде (сутлијаш без млеко со вода ), бела алва , овошје , локум и компот или ошав од црни сливи и суво грозје , додека наместо леб се кршат и се служат погачи , односно чуреци , месени со квас од наут т.н наутлии погачи кои што ги меси момата . За пиење се служи исклучиво боза која ја носи свакрвата , обично во ѓумови. Ручекот поминува во доста весело расположение , и бидејќи тука се собрани само жени, се прават разни безобразни муабети и се пеат разни песни со еротска содржина .
Старата скопска чаршија
Старата скопска чаршија се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Чаршијата претставувала атрактивен простор за сите патеписци и посетители на Скопје во минатото. Турскиот патеписец Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-61 год. забележал:
„Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (Памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.“
Историја на чаршијата
Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 год., бугарскиот цар Константин Тих Асен му дал одобрение на манастирот Св. Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени такси заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Овие, пред се, трговски манифестации започнале да се одржуваат во периодот меѓу 1028 и 1034 год. на манастирската ливада, која се наоѓала на периферијата на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава, односно токму на местото на кое денес се наоѓа најпознатото скопско пазариште Бит-пазар.
Во текот на XIII век, по примерот на другите византиски метрополи, Скопје го добива својот прв своевиден трговски центар - монументален трговски занаетчиски објект, кој во тоа време претставувал една од најголемите и најскапи инвестиции на само во Скопје, туку и во поголемиот дел на Балканот. Овој објект, кој целосно е видлив на познатата гравура на холандскиот графичар Јакобус Хаверин, објавена во 1594 год. во Нирнберг, и чии последни остатоци биле разурнати дури во првите децениина овој век, се наоѓал во јужниот дел на Доленград, во близина на бедемот покрај кој минувале заштитниот канал со вода и корита на Лепенец и на Вардар. Објектот имал 15 издолжени сводови, под кои се наоѓал голем простор од, најверојатно, околу 1.200 м2.
Вук Бранковиќ во 1392 год. градот им го предава на Турците. Доаѓањето на османлиите значело продолжување и проширување на веќе востановената традиција. Во периодот од XVI – XVII век чаршијата го достигнала својот урбан и стопански зенит, развивајќи се во една од најголемите и најзначајни ориентални чаршии на Балканот.
Скопската чаршија во својот историски развој претрпувала значителни штети од големи пожари, земјотреси и поплави, кои оставиле длабоки траги врз изгледот на чаршијата. Таа многу настрадала во опожарувањето на Скопје во 1689 год. што го извршил австрискиот генерал Пиколомини. Следните два века, таа останала мала чаршија со скромна понуда. Во втората половина на XIX век чаршијата почнала да заживува, но во 1908 год. повторно настрадала во пожар. Огромна штета претрпела и во земјотресот од 1963 год. Сепак, таа претставува единствен споменик на културата во Македонија во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.
Музеј на старата чаршија
Музејот на Старата скопска чаршија е формиран како депанданс на Музејот на град Скопје. Тој е сместен во споменикот на културата Сули ан. Вкупната површина на објектот Сули ан изнесува окулу 2500 м2. Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во 473 м2 од кои 355 м2 изложбен простор, а остатокот се пратечки простории. Музеј врши комплексна музејска дејност, односно планска и систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејските збирки и создавања на информативен апарат за тие збирки, заштита и чување на музејски предмети, презентација на збирките преку постојани и повремени изложби и публикации. Поставката на Музејот, отворена во мај 1983 година, се состои од повеќе области, археологија, историја, етнологија и уметност.
Знаменитости во Старата чаршија
Карпеста уметност во Македонија
Карпеста уметност во Македонија |
Карпестата уметност се состои во представи на луѓе, животни, идолиформи, симболи, создадени со гравирање, сликање или низок релјеф врз камења и карпи. |
Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години. Во Македонија е пронајден и Скочивирскиот натпис-атомска бомба во научниот свет. Сличноста на буквите од овој натпис со буквите од глаголицата упатуваат на размислување дека Светите браќа Кирил и Методиј не случајно го измислиле "словенското писмо". Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација. |